Back to Blog

Раководството на МАТТО ја пречека делегацијата на İŞBANK

Делегацијата на İŞBANK беше пречекана во седиштето на Стопанска комора на Македонија-Турција,МАТТО, во Скопје.
Состанокот се оддржа со присуство на заменик претседател на У.О., г -дин Имер Селмани, и членките на УО , г-дин Суат Инан, ген.директор на Халк Осигурување, Ондер Хасдемир, – комерцијален менаџер на Limak Holding – Diamond Skopje, раководител на единица за прекугранично банкарство во İŞBANKA, г. Онур Кутук, и регионален менаџер за Косово, г-дин Огузхан Џејлан.
На средбата, претставниците на İŞBANK беа информирани за улогата и активностите на МАТТО како и се разговараше за можна соработка во банкарскиот сектор.
Заменик претседателот, г-дин Имер Селмани, ги информираше гостите за можностите за инвестирање во Р.Северна Македонија и нагласи дека како МАТТО сме подготвени да пружиме поддршка на секое прашање.
Делегацијата на İŞBANK изразиja благодарност за гостопримството што им беше укажано.

Share this post

Back to Blog