Back to Blog

Средба на МАТТО со Партијата за движење на Турците во Македонија (ТХП)

Во МАТТО,  се одржа средба со г-дин Енес Ибрахим, претседателот на ТХП со соработниците и г-дин Ајдован Адемоски, претседател на МАТТО со замениците г-ѓа Букет Герекчи и г-дин Есер Џевахир. Целта на средбата беше меѓусебно информирање за приоритетите коморски и партиски. Г-дин Адемоски ги презентираше МАТТО приоритетите кои се со директно влијание врз развој на економијата но и врз унапредување на билатерална економска соработка Македонија – Турција. Г-дин Ибрахим ги презентираше достигнувања на претходната влада во која коалицирале и изјави дека, помеѓу другото, ќе се залагаат за либерализација на земјоделско прехрамбени режим на трговијата со Турција во смисла на зголемување и проширување на увоззно извозни квоти. “Исто така, силно ќе го поддржиме проектот на МАТТО за основање на индустриската зона  во струмичко гевгелијски регион, како алатка за привлеување на странските инвестиции, нови технологии, зголемување на работни места и за задржување на одлив на населението.

Share this post

Back to Blog