MATTO, со братската Стопанска комора на Истанбул (ИТО) одржа онлајн состанок
MATTO, со братската Стопанска комора на Истанбул (ИТО) одржа онлајн состанок со цел, развој на меѓуинституционална соработка, развој на соработка помеѓу членките, зголемување на обемот на трговија на двете земји, и покана до членовите на ИТО да инвестираат во Северна Македонија.
Во Истанбулската Стопанска комора членуваат повеќе од 420 илјади членови и 81 член во стручниот комитет на комората.
ИТО е најголема комора во Р.Турција и во Европа и претставува една од 3-те најголеми и комори со најдoлговековна традиција во светот.
На состанокот присуствуваа г-дин Ајдован Адемоски, г-дин Шекиб Авдагич, Претседател на ИТО, г-дин Актан Аго, Генерален конзул на Р.С.М. во Истанбул, г-динот Хасан Хошбен, член на Собрание и заменик претседател на стручен комитет во ИТО, и дел од членките на УО на МАТТО.
Претседателот на МАТТО, г-динот Ајдован, накратко сподели општи информации за комората и воедно напомена дека дека вработувањето обезбедено од страна на членовите на МАТТО изнесува над 5 илјади.

Од нејзината независност, Република Турција инвестираше приближно 2 милијарди долари во Северна Македонија.
Турските инвеститори сочинуваат 38% од вкупните странски инвестиции во Македонија. Ние сме петти партнер на Македонија во инвестиции и осми во трговијата. Нашиот сегашен обем на трговија на Северна Македонија со Република Турција е околу 450-600 милиони долари годишно.
Кога ги разгледуваме односите помеѓу двете земји, обем на трговија е на многу пониско ниво од замислената цел. Нашата цел е да го зголемиме обемот на трговијата на 2 милијарди долари. Ако ги земеме во предвид можностите, заедно можеме да ги достигнеме овие бројки за кратко време. Би сакал да ја искористам оваа прилика да ги поканам членките на ITO да инвестираат со Р.Северна Македонија.
Мисијата на МАТТО е да дејствува како мост помеѓу Република Северна Македонија и Република Турција, да ги поддржува институциите на двете земји, да ја промовира Република Македонија меѓу турските потенцијални инвеститори, како и во третите земји каде што веќе е застапен турскиот капитал.

Во своето обраќање, г-динот Шекиб Авдагич, претседател на ИТО, истакна дека ИТО се секогаш подготвени да дадат секаква поддршка за понатамошен развој на економските и трговските односи меѓу двете земји, кои се поврзани со длабоко вкоренети историски, човечки и културни врски. Ние ќе се потрудиме да го зголемиме обемот на трговија меѓу двете земји на најмалку 1 милијарда американски долари. По нормализацијата на пандемијата, ИТО со високо учество на членките на ИТО, ќе одржи состанок со МАТТО во Скопје, на тема испитување на можностите за инвестирање.
Во моментов, ажурирањето на Договорот за слободна трговија меѓу Р.С.М. и Р.Турција ќе биде од корист за економиите на двете земји, а претседателот на ИТО, г-дин Шекиб Авдагич вети дека ќе дадат целосна поддршка на барањето на МАТТО, за распределба на Слободната зона во Гевгелија и за привлекување на инвеститори.