Back to Blog

МАТТО, учествуваше на 3-тиот Саем за земјоделство, сточарство, прехранбена и автомобилска индустрија, кој се одржа во Киркларели, Р.Туркије

Стопанската комора на Македонија-Турција (МАТТО), учествуваше на саемот кој беше во организација на збратимената Стокова берза на Киркларели, Р.Туркије

МАТТО, заедно со членките учествуваше на саемот во Киркларели со свој штанд, каде ги информираше посетителите за можностите за инвестирање и билатералните трговски односи со Република Северна Македонија.

Киркларели, кој го спојува земјоделскиот сектор со Балканот, по трет пат е домаќин на овој саем, организиран со поддршка на гувернерот на Киркларели, општината Киркларели и различни институции.

На отворањето на саемот учествуваа гувернерот на Киркларели, г-дин Бирол Екичи, генералниот директор за сточарство во Министерството за земјоделство и шумарство, г-дин Салих Челик, градоначалникот на општина Текирдаг,г-дин Кадир Албајрак, градоначалникот на Општина Киркларели, М.Сијам Кесимоглу, Советник на министерот за земјоделство на Косово, г-дин Алберт Бехрами, извршниот директор на МАТТО, г-дин Шахпаз Молалиев, претседатели на стопанските комори на Бугарија,Македонија,Косово,Албанија,Молдавија,Русија, Украина,Белгија меѓународни деловни луѓе и многу поканети управители на институции и организации.

По отворањето, членовите на протоколот го прошетаа саемскиот простор и штандовите.

„Ќе ги зајакнеме нашите односи со посета на Република Северна Македонија“

Г-дин Турхан Алтинтел, претседател на Управниот одбор на Стоковната берза Киркларели, во својата изјава при посетата на штандот на МАТТО истакна: „Како Стокова берза Киркларели, потпишавме протоколарен договор со Стопанската комора на Македонија-Турција. Отсега нашите односи ќе достигнат подобри нивоа. Ви благодариме, за Вашето присуство на саемот.„Исто така, ќе ги зајакнеме нашите односи со посета на Северна Македонија.

„Доколку трговскиот договор се ажурира, обемот на трговијата ќе достигне до 5 милијарди долари“

Извршниот директор на МАТТО, г-дин Шахпаз Молалиев, истакна: Со цел да го зголемиме обемот на трговијата меѓу двете земји, МАТТО потпиша протокол за соработка со збратимената Стокова берза Киркларели. Како резултат на тој протокол, денес сме присутни овде на саемот“.

Г-динот Молалиев истакна дека трговскиот договор меѓу Република Туркије и Република Северна Македонија треба да се ажурира и ги повика властите. Тој наведе дека доколку овој договор се ажурира, обемот на трговската размена меѓу двете земји би можел да достигне од 2 милијарди долари до 4,5 милијарди долари.

Share this post

Back to Blog