MATTO потпиша протокол за соработка со Стопанската комора на Газиантеп и Стопанската и индустриската комора на Елазиг
На 15 Април 2011 година во седиштето на МАТТО потпиша протоколи за соработка со Стопанската комора на Газиантеп и Стопанската и индустриската комора на Елазиг. Протоколите ги потпишаа Претседателот на Стопанската комора на Македонија – Турција, МАТТО Г-дин Туна Ејуп Кахвеџи, Членот на Управниот одбор на Стопанската комора на Газиантеп Г-дин Махмут Јилдирим и Претседателот на Стопанската и индустриската комора на Елазиг Г-дин Али Шекердаг. На оваа средба присуствуваа голем број од Членовите на Управниот одбор на МАТТО: Ген. Дир. на Зираат Банка А.Д. Скопје Г-дин Џенгиз Унал, Ген.Дир. на Туркиш Еирлајнс Г-дин Садреттин Ф. Тунчер, сопственикот на фирмата Шоу Хем Г-дин Јусуф Ага, сопственикот на фирмата Универзал Ерер Г-дин Луан Бекири и Ген. Дир. на весникот Заман Македонија Г-дин Енвер Челик.
Претседателот на МАТТО Кахвеџи, ги презентира активностите на МАТТО и даде информации во врска со поволностите за инвестирање во Македонија. Во текот на средбата Претседателот на комората ги одговори прашањата на деловните луѓе и ги покани членовите на стопанските комори од Газиантеп и Елазиг за соработка со членовите на МАТТО.