Back to Blog

МАТТО оствари деловна вечера со делегацијата на Мешовитата економска комисија на Република Туркије и Република Северна Македонија (КЕК

Стопанската комора на Македонија-Турција (МАТТО) приреди вечера во чест на г-дин Мехмет Мухарем Касапоглу, министер за млади и спорт на Република Туркије, кој престојуваше во Скопје на 6-тиот совет на мешовитата економска комисија на Република Северна Македонија и Република Туркије.
На програмата чиј домаќин беше претседателот на МАТТО, г-дин Ајдован Адемоски и членовите на Управниот одбор, присуствуваа вицепремиерот за економски прашања на Северна Македонија, г-дин Фатмир Битиќи, амбасадорот на Р.Турција во Скопје, г-дин Хасан Мехмет Секизкок, директорот на Агенцијата за млади и спорт на Република Северна Македонија, г-дин Наумче Мојсовски и стопанственици од Македонија и Туркије.

“Продолжуваме со нашите напори да обезбедиме целосна либерализација во трговијата“
Поздравувајќи ги гостите, претседателот на МАТТО г-дин Ајдован Адемоски се осврна на договорот за слободна трговија меѓу двете земји и истакна: „МАТТО заедно со нашите повеќе од 100 истакнати членови од Р.Северна Македонија и Р.Туркије, продожува со своите залагања да обезбеди целосна либерализација во трговијата меѓу двете земји. Во оваа прилика ги повикувам и вицепремиерот Фатмир Битиќи и министерот за млади и спорт, г-дин Касапоглу да преземат чекори за ажурирање на Договорот за слободна трговија. Како Република Северна Македонија, ние сме првата земја во регионот што потпиша договор за слободна трговија со Туркије, односите не можеа да се издигнат на посакуваното ниво поради паузата во последните 15 години. Во оваа смисла, верувам дека треба да го следиме примерот на договорот за слободна трговија на Туркије со Босна и Херцеговина и Србија“.

“Ќе ја исполниме одговорноста што е во нашиот домен“
Во своето обраќање, министерот за млади и спорт на Република Туркије, г-дин Мехмет Мухарем Касапоглу, истакна: „Ние придаваме големо значење на продолжувањето на оваа силна соработка што ја изградивме заедно со нови комерцијални и економски придобивки. Затоа оваа соработка на вас, вредни деловни луѓе, ја сметаме за чувствителна во поглед на продлабочување и зајакнување. Секако, ние како јавност соодветно ќе ги исполниме потребните одговорности од наш домен“.
Министерот Касапоглу им се заблагодари на сите деловни луѓе за нивниот придонес во развојот на односите меѓу двете земји.

“Нудиме атрактивна деловна средина за турските компании во нашата земја“
Вицепремиерот Фатмир Битиќи истакна: „Соработката и преносот на искуство меѓу релевантните институции и сродните области, како и постојаното зголемување на турските инвестиции во нашата земја од нејзината независност, се јасен показател за волјата на Република Туркије да биде стабилен економски партнер на нашата земја и нашата држава. Од големо значење е постоењето на десетици успешни турски компании кои работат во нашата земја. На Балканот се вели дека „ На добрината се враќа со добрина“. За возврат за поддршката дадена од Република Туркије, нудиме атрактивно деловно опкружување на турските компании во нашата земја.
Програмата чиј домаќин беше МАТТО заврши со врачување на подароци на гостите министри.

Share this post

Back to Blog