Back to Blog

МАТТО, на 28 Април 2012 година (сабота) во хотелот StoneBridge, ја одржа втората конференција за пренесувње на искуство

Стопанската комора на Македонија-Турција МАТТО, на 28 Април 2012 година (сабота) во хотелот StoneBridge, ја одржа втората конференција за пренесувње на искуство на која присуствуваа Министерот за бесресор на Р.Македонија г-дин Хади Незир, Амбасадорот на Р.Турција во Скопје г-дин Ѓурол Сокменсуер,  Економскиот советник на Претседателот на Р.Македонија  г-дин Ахмет Казим, Членовите на МАТТО, Припадници на Амбасадата, и голем број на бизнисмени.
Претседателот на Стопанската комора на Македонија-Турција МАТТО г-дин Туна Ејуп Кахвеџи ги поздрави сите присутни и им оддаде благодарност за заинтересираноста на Амбасадорот на Р.Турција, особено на МАТТО, и на бизнисмените. Тој истакна дека за зголемување на инвестиции на сите релевантни јавни и приватни институции треба да имаат зајакната соработка.
По говорот на г-дин Туна Ејуп Кахвеџи, Амбасадорот на Р.Турција во Скопје г-дин Ѓурол Сокменсуер започна да говори за неговата кариера и на присутните им даде совети за своето искуството.
Тој во својот говор истакна дека како Амбасадор сака да им даде подршка на сите оние бизнисмени кои сакаат да водат бизнис во Македонија.
По завршетокот на конференцијата пристутните беа поканети на коктел.

Кликни за целосeн говор на претседателот Туна Ејуп Кахвеџи  >>>

Кликни за целиот текст на конференцијата >>>

2. si protokol.JPG

2. Kok.JPG

Share this post

Back to Blog