Back to Blog

Направен е првиот чекор за увоз на свежо овошје и зеленчук од Фетије за Македонија

На онлајн видео-конференцијата организирана од Стопанската комора на Македонија-Турција (МАТТО) и Стопанската и индустриската комора на Фетије (ФТСО), се состанаа претставниците на надворешната трговија на двете земји кои работат во секторот на свежо овошје и зеленчук.

Разговорите во рамките на „Протоколот за збратимена комора“ потпишан меѓу Стопанската и индустриската комора на Фетије (ФТСО) и Стопанската комора на Македонија-Турција (МАТТО), беа со цел да се обезбеди развој на трговијата меѓу Фетије и Сејдикемер и македонскиот град Скопје, и да се биде пример со заедничко дејствување во социо-културните активности.

Во овој контекст, компаниите од двете земји кои се занимаваат со трговија, извоз и увоз на свежо овошје и зеленчук се сретнаа на состанокот што се одржа со методот на онлајн видео конференција во салата за состаноци на FTSO, Мегри, на 24 мај 2023 година. Членот на Советот на Стопанската и индустриска комора на Фетије, г-дин Халеф Савукдуран, генералниот секретар на FTSO, г-ѓа Езги Кулукчу и претставниците на компанијата-членка на FTSO, г-ѓа Нида Акјуз, г-дин Абдула Ѓулдур и г-дин Емре Чурук, извршниот директор на МАТТО, г-дин Шахпаз Молалиев и членката на МАТТО, претставник  на сектор и надлежен на компанијата за увоз Фрукта-Фрута,сопственикот Ферди Ибраим.

Извршниот директор на МАТТО, г-дин Шахпаз Молалиев, на почетокот на средбата ги изрази своите ставови за комерцијалната соработка меѓу Фетије-Сејдикемер и Скопје и истакна дека царинската такса за свежите зеленчукови производи што се испраќаат од Турција во Македонија е висока и дека е направена потребната кореспонденција да се преиспита оваа практика и во иднина ќе се практикува истата.

Генералниот секретар на ФТСО, г-ѓа Езги Кулукчу, исто така, ја истакна важноста од воспоставување комерцијална соработка помеѓу Скопје, Фетије и Сејдикемер, почнувајќи од секторот на свежо овошје и зеленчук. Истакнувајќи дека здружувањето на водечките компании на Фетије и Скопје и компаниите кои создаваат сопствена вредност на брендот е важно за почеток на соработката, Езги Кулукчу истакна дека преговорите што започнаа со туризмот продолжуваат со компании кои се занимаваат со трговија/извоз на свежо овошје и зеленчук.

Претставниците на секторот кои присуствуваа на состанокот го направија првиот чекор за комерцијална соработка преку разменување на меѓусебни контакт информации.

Чирали: „Основата на соработката беше поставена минатата година“

Вреднувајќи го состанокот и посакувајќи соработката во секторот на свежо овошје и зеленчук да вроди со плод, претседателот на Управниот одбор на FTSO, Осман Чирали, истакна: „На состанокот што го одржавме со МАТТО минатата година, бевме информирани дека Република Северна Македонија е отворена за свеж зеленчук, извоз на овошје и преработена храна. Како резултат на студиите што ги започнавме на оваа тема, ги собравме надворешно-трговските претставници на двете земји кои работат во секторот на свежо овошје и зеленчук. Посакувам започнатата соработка во областа на туризмот и тековната соработка во земјоделскиот сектор, со нашата збратимена комора МАТТО, да даде плодни резултати за нашите членови.

Share this post

Back to Blog