Вицепремиерот Изет Меџити, ги пречека членовите на МАТТО
Вицепремиерот на Република Северна Македонија и министер за животна средина и просторно планирање, г-дин Изет Мечити, ги пречека членовите на МАТТО.
Во делегацијата предводена од претседателот на УО на МАТТО, г-дин Ајдован Адемоски, беа заменик претседателот г-дин Имер Селмани, членовите на Управниот Одбор, г-дин Самир Дрпљанин и г-дин Михо Јанески и извршниот директор, г-дин Шахпаз Молалиев.
На средбата, која се одвиваше во пријателска атмосфера, беа евалуирани деловните можности меѓу МАТТО и Владата.