Министерот за здравство Др.Арбен Таравари, ги пречека членовите на МАТТО
Министерот Таравари истакна: „Верувам дека има многу можности за продлабочување на билатералната соработка и зголемување на капацитетите во здравствениот сектор.
На состанокот присуствуваше делегацијата предводена од претседателот на МАТТО, г-дин Ајдован Адемоски, заменик претседателот г-дин Имер Селмани, членот на Управниот одбор г-дин Муртеза Сулооџа, претставникот на Аџибадем Систина г-дин Емре Демирџи, менаџерот на Санте Плус г-дин Менду Јегени, г-дин Мурат Камиш од Нобел Илач, г-дин Ило Ристовски од Халк Осигурување, и извршниот директор, на МАТТО, г-дин Шахпаз Молалиев.
На средбата помеѓу МАТТО и Владата која се одвиваше во пријателска атмосфера, беа евалуирани деловните можности во областа на здравството.
Министерот Таравари средбата ја оцени како пријателска и конструктивна и истакна: „Верувам дека има многу можности за продлабочување на билатералната соработка и зголемување на капацитетите во здравствениот сектор. Во продолжение, Министерството за здравство подвлече дека е отворено за соработка и координација како би се постигнал поквалитетен здравствен систем.



