Средба на Фатмир Битиќи, заменик премиер за економски прашања и инвестиции со членките на МАТТО
На барање на членките на Стопанска комора Македонија Турција, МАТТО, сношти се одржа средба на членките на МАТТО со заменик премиер а со цел запознавање со основите на најавениот IV пакет на економски мерки и запознавање на г. Битиќи со состојбите и видувања како да се што побргу излезе од кризата.
Претседателот на МАТТО, г. Ајдован Адемоски се заблагодари за интересот за средбата и отвореност на Владата за приватно јавен дијалог и укажа дека членките на МАТТО очекуваат што поскоро создавање на услови за растат на економијата а еден од условите и овозможување на мобилност на деловните луѓе во рамките на ЦЕФТА.
Членките на МАТТО истакнаа дека и во наредните 6 месеци ќе им треба поддршка за задржување на работните места, одложување плаќање на допринесе и данокот, поддршка на трговските центри во смисла задржување на закупците, поддршка на туристички сектор и хотелиерството, поддршка на инвестиции во зелените индустрии, намалување на каматите и банкарските провизии и унапредување на билатерални економски односи со Р. Турција. Се искажа потреба од осовременување на Договорот за слободна трговија помеѓу двете земји, заклучен пред 20 години како и либерализација на билатерална трговија со земјоделски и прехранбени производи, што и влијаело на инвестициите во земјоделскиот сектор. Членките на МАТТО гледаат голема деловна можност за настап на трети пазари во партнерството со турските компании. Воедно се побара поддршка на Владата за отворање на ТИРЗ во струмичко гевгелиски регион за што има интерес од страна на турските компании.
Во најава на IV пакет на економски мерки Фатмир Битиќи, заменик премиер, истакна да се предвидуваат низ економски инструменти што ќе потпомогнат не само рестартирање на економијата веќе и нејзината трансформација. Тоа ќе биде процес кој подразбира системска трансформација на администрацијата, финансиска поддршка на компаниите, даночната реформа, усогласување на сметководствено работење со меѓународни стандарди, воспоставување на недискримирани односи во интеракција администрација стопанство. Најави единствена даночна стапка од 10% и за персонален данок како и во угостителството и 0% за персонален данок во ИТЦ индустрија за млади до 28 години. Битиќи најави без каматни кредити, обезбедени од Европската инвестициона банка во вредност од 30 мил. евра наменети за компаниите.
Целта на Владата е да се усогласиме со ЕУ стандардите на стопанисување и живеење и така ќе подигнеме конкурентност, интернационализација и ќе ги зголемиме новите работни места.
Тој ги повика стопанствениците, секогаш кога ќе им се случи било каква дискриминација од страна на администрацијата фактите да ги достават до неговиот кабинет за да можат да се покренат постапките пред надлежните органи. И тоа ќе биде една од алатките за трансформација на администрацијата.