Back to Blog

Стоковна размена со странство, јануари 2023 година

Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во јануари 2023 година, изнесува 38 290 737 илјади денари и бележи пораст од 13.7 % во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увезената стока, во јануари 2023 година, изнесува 52 331 819 илјади денари, што е за 4.9 % повеќе во споредба со истиот период од претходната година.

Трговскиот дефицит, во јануари 2023 година, изнесува 14 041 082 илјади денари.

Покриеноста на увозот со извоз, во јануари 2023 година, изнесува 73.2 %.

Стоковна размена изразена во САД долари

Во периодот јануари 2023, Р.С Македонија има остварено вкупна трговска размена со Р. Турција во вредност од 75 560 илјади САД долари што е за 11.0 % зголемен споредено со истиот период во 2022 г. Од тоа, извоз во Р. Турција изнесува 20 5623 илјади САД долари што претставува зголемен за 22.0 % во однос на ист период 2022 г. Увозот е зголемен за 7.3% и изнесува 54 998 илјади САД долари. Р. Турција шести трговски партнер на Р.С. Македонија, редоследно Германија, Велика Британија, Грција, Србија , Кина и Турција. (Државен завод за статистика на Р.С.М , 07.03.2023).

Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, електричната енергија и плоснатоваланите производи од железо или нелегиран челик, неплатинирани или необложени. Во увозот најмногу се застапени нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав, платината и легурите на платина, необработени или во прав и благородни метали во колоидна состојба; соединенија, органски или неоргански, од благородни метали, хемиски дефинирани или недефинирани; амалгами од благородни метали.

Во јануари 2023 година, според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, Република Северна Македонија најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Грција, Србија , Кина и Турција .

Вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во јануари 2023 година, изнесува 671 099 илјади САД долари и бележи пораст од 8.6 % во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 916 773 илјади САД долари, што е за 0.1 % повеќе во споредба со истиот период од претходната година.

Трговскиот дефицит, во јануари 2023 година, изнесува 245 674 илјади САД долари.

Share this post

Back to Blog