• Денес е: петок, септември 30, 2022

Стоковна размена со странство, јануари-март 2022 година

Matto
мај06/ 2022

Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во периодот јануари – март 2022 година, изнесува 119 642 988 илјади денари и бележи пораст од 16.8 % во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увезената стока, во периодот јануари – март 2022 година, изнесува 174 829 888 илјади денари, што е за 29.4 % повеќе во споредба со истиот период од претходната година.

Трговскиот дефицит, во периодот јануари – март 2022 година, изнесува 55 186 899 илјади денари.

Покриеноста на увозот со извоз, во периодот јануари – март 2022, изнесува 68.4 %.

 

Стоковна размена изразена во САД долари

Во периодот јануари – март 2022, Р.С Македонија има остварено вкупна трговска размена со Р. Турција во вредност од 234 948 илјади САД долари што е за 47.6% зголемен споредено со истиот период во 2021 г. Од тоа, извоз во Р. Турција изнесува 55 222 илјади САД долари што претставува зголемен за 52,6% во однос на ист период 2021 г. Увозот е зголемен за 46,2% и изнесува 179 727  илјади САД долари. Р. Турција шести трговски партнер на Р.С. Македонија, редоследно Германија, Велика Британија, Грција, Бугарија, Србија,  Турција, Кина  и Италија. (Државен завод за статистика на Р.С.М , 06.05.2022).

Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, фероникелот и деловите на седишта од подгрупата 821.1. Во увозот најмногу се застапени електричната енергија, нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав и благородни метали во колоидна состојба; соединенија, органски или неоргански, од благородни метали, хемиски дефинирани или недефинирани; амалгами од благородни метали.

Во периодот јануари – март 2022 година, според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, Република Северна Македонија најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Грција, Бугарија и Србија.

Вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во периодот јануари – март 2022 година, изнесува 2 174 918 илјади САД долари и бележи пораст од 8.6 % во однос на истиот период од претходната година.

Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 3 179 492 илјади САД долари, што е за 20.4 % повеќе во споредба со истиот период од претходната година. Трговскиот дефицит, во периодот јануари – март 2022 година, изнесува 1 004 574 илјади САД долари.

Share