Стоковна размена со странство, јануари – декември 2023 година
Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во периодот јануари – декември 2023 година, изнесува 512 368 615 илјади денари и бележи пораст од 0.2 % во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увезената стока, во периодот јануари – декември 2023 година, изнесува 686 299 500 илјади денари, што е за 8.1 % помалку во споредба со истиот период од претходната година. Трговскиот дефицит, во периодот јануари – декември 2023 година, изнесува 173 930 885 илјади денари.
Покриеноста на увозот со извоз, во периодот јануари – декември 2023, изнесува 74.7 %.
Стоковна размена изразена во САД долари
Во периодот јануари – декември 2023 година, Р.С Македонија има остварено вкупна трговска размена со Р. Турција во вредност од 897 814 илјади САД долари што е за 13.0 % намален споредено со истиот период во 2022 г. Од тоа, извоз во Р. Турција изнесува 196 083 илјади САД долари што претставува намален за 11.7 % во однос на ист период 2022 г. Увозот е намален за 13,3% и изнесува 701 731 илјади САД долари. Р. Турција седми трговски партнер на Р.С. Македонија, редоследно Германија, Велика Британија, Грција, Кина, Србија, Бугарија, и Турција.
(Државен завод за статистика на Р.С.М, 08.02.2024).
Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, деловите на седишта од подгрупата 821.1 и други катализатори на носачи. Во увозот најмногу се застапени нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав, платината и легурите на платина, необработени или во прав и други моторни возила за превоз на лица.
Во периодот јануари – декември 2023 година, според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, Република Северна Македонија најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Грција, Кина, Србија, Бугарија, и Турција.
Вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во периодот јануари – декември 2023 година, изнесува 8 996 952 илјади САД долари и бележи пораст од 3.1 % во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 12 053 456 илјади САД долари, што е за 5.5 % помалку во споредба со истиот период од претходната година.
Трговскиот дефицит, во периодот јануари – декември 2023 година, изнесува 3 056 504 илјади САД долари.