Back to Blog

Претставници на Здружението на индустријалци и стопанственици од Карабук, ги посетија просториите на Стопанската Комора на Македонија-Турција

Генералниот претседател на КАСИД, г-дин Четин Ипек и неговата придружна делегација, остварија средба со претседателот на Управниот одбор на МАТТО, г-дин Ајдован Адемоски, трговскиот советник при Амбасадата на Р.Туркије во Скопје, г-дин Синан Танриоген, и со членките на Управниот Одбор на МАТТО.

На состанокот што се одржа во седиштето на MATTO, претседателот на KASİD, г-дин Четин Ипек, истакна дека ја посетиле Република Северна Македонија со цел од прва рака да се запознаат со можностите за инвестирање и да остварат деловни соработки.

Претседателот на KASİD, г-дин Четин Ипек, истакна дека сакаат да се пласираат на овој пазар, и дека имаат моќ и можност за тоа.

Информирајќи ги гостите за активностите на MATTO, претседателот на Управниот одбор,   г-дин Ајдован Адемоски, истакна дека МАТТО има за цел да придонесе за профитабилноста и на компаниите што доаѓаат од Република Туркије, и на оваа земја, преку инвестиции.

Трговскиот советник при Амбасадата на Р.Туркије во Скопје, г-дин Синан Танриоген, информираше за трговијата меѓу Република Северна Македонија и Република Туркије.

Претседателот на КАСИД, г-дин Четин Ипек, за време на неговата посета на Република Северна Македонија, беше придружуван од стопанствениците г-дин  Фатих Каја, г-дин Угур Шефероглу, г-дин Ахмет Там, г-дин Ахмет Шахин и г-дин Ертан Мисирли.

Share this post

Back to Blog