Back to Blog

ИФТАР ВЕЧЕРА ВО ОРГАНИЗАЦИЈА НА МАТТО

Стопанската комора на Македонија-Турција (МАТТО) вечерва во хотелот Хилтон во Скопје организираше ифтар вечера. На ифтар вечерата на МАТТО присуствуваа бројни високи државни функционери, деловни луѓе, дипломати и невладини организации, меѓу кои Амбасадорот на Република Турција во Скопје, г-дин Хасан Мехмет Секизкок, претседателот на собрание на Р.Северна Македонија, г-дин Талат Џафери, вицепремиерот Фатмир Битиќи, министерот за внатрешни работи, г-дин Оливер Спасовски, министерот за финансии г-дин Фатмир Бесими, министри, градоначалници, директори на  институции, политичари, претставници на невладини организации и деловни луѓе.

Претседателот на МАТТО, г-дин Ајдован Адемоски ги поздрави гостите кои беа присутни на ифтар вечерата. „Рамазан е месец кога се свртуваме кон духовноста“ истакна претседателот Адемоски, додавајќи дека Рамазан е месец кога муслиманите се свртуваат кон духовноста, се молат на Алах, бараат прошка за гревовите и се собираат заедно.

Во продолжението на своето обраќање, претседателот Адемоски во свое име и во името на сите членки на Стопанската комора на Македонија-Турција се заблагодарам на присутните што не почестија со своето присуство. „Веруваме дека Бог е еден и дека сите сме еднакви пред него” додаде г-н Адемоски

Амбасадорот на Република Турција во Скопје, г-дин Хасан Мехмет Секизкок, во своето обраќање истакна: „Нашите турски браќа кои имаат длабока историја во Македонија, каде што Турција има длабоко вкоренета историја и меѓусебни релации, продолжуваат да го одржуваат исламот жив на најдобар начин, исто како што нашите предци со векови ја почитуваа оваа историја на исламот.“ Исто така, Амбасадорот Секизкок додаде и дека „Од денот кога ја стекна својата независност, Турција отсекогаш стоеше покрај Македонија и нашите меѓусебни односи на секое поле достигнаа одлично ниво. Верувам дека и во наредниот период со заеднички напори ќе продолжиме да ги унапредуваме нашите односи на секое поле“.

Обраќајќи им се на учесниците, вицепремиерот Фатмир Битиќи истакна: „Ми причинува големо задоволство што во светиот месец Рамазан го потврдуваме нашето единство и солидарност. За време на нашиот Рамазан минатата година, постојано се повикувавме да се заштитиме себеси и нашите роднини, и сум многу среќен што повторно сме заедно и оваа година“.

На крајот од своето излагање Битиќи истакна: „Посакувам месецот Рамазан да донесе среќа и благослови за вас, за мене и за сите македонски, турски, албански и ромски семејства “.

Share this post

Back to Blog