Back to Blog

ДЕЛЕГАЦИЈА ОД ТРАБЗОН ГО ИСТРАЖУВА МАКЕДОНСКИОТ ПАЗАР ЗА НОВИ ИНВЕСТИЦИИ

Со цел на истражување на можностите и теренот за инвестирање, група на Управители од Стопанска и Индустриска комора на Трабзон го посетија Сојузот на Турски инвеститори во Македонија “МАТИБ“  и стапија во контакт  со управителите на Стопанската комора на Македонија –Турција, “МАТТО“  во Скопје. Претседателот на Управниот Одбор на Стопанска и индустриска комора на Трабзон г-дин Суат Хаџисалихоглу истакна дека Македонија иако е малаземја, таа ги отвара вратите за можнота на пазар кон Европа : “Македонија е држава која што  на секоја страна ги отвара вратите кон Европа и претставува важна држава на Балканот. Покрај тоа што има одлични политички односи со Турција, исто така има развиено и пријателски односи. Затоа како Стопанска и Индустриска комора на Трабзон, сакавме да разгледаме тука да се запознаеме со инвеститорите и да ги истражуваме можностите за инвестирање. Направивме средба со МАТИБ и МАТТО во Скопје, како и со Стопанската комора на Македонија. Ние исто така го одржавме и Економскиот форум во Охрид. Инвеститорите кои се наоѓаат во нашата делегација, пронајдоа погодна клима за инвестирање и можат да размислуваат за бизнис инвестициите.”
Претседателот на Управниот Одбор на Стопанска и индустриска комора на Трабзон г-дин Суат Хаџисалихоглу заедно со делегацијата, во Македонија имаа органзирано специјална посета и ги посетија Сојузот на Турски бизнисмени “МАТИБ“. На средбите кои ги направија делегацијата на Стопанската и индустриската комора на Трабзон се придружија и Почесниот конзул на Трабзон Сирри Ерен и  Аташето за Трговија при Амбасадата на Република Турција Г-дин Хакан Кизартиџи. Во средбата во Стопанската комора на Македонија двете страни се согласија за продлабочувањето на соработката и за развивање на заеднички проекти. На состанокот кој се одржа во Стопанската комора на Македонија  “МАТИБ“ го претставување Заменик Претдеседателот Г-дин Есфер Али Есфер Али.

Share this post

Back to Blog