На 7 ноември 2018 година, Преставници од МАТТО беа во посета на фабриката за производство на челик, Макстил
На состанокот од страна на МАТТО присуствуваа, заменик претседател на МАТТО, г-ѓа Букет Герекчи, членови во Управен Одбор, г-дин Мурат Оздемир, г-дин Слободан Трајков, г-ѓа Љубица Нури, Генерален секретар на МАТТО, и г-дин Шахпаз Молалиев, Извршен Директор на МАТТО, од страна на МАКСТИЛ АД, г-дин Димитар Цветковски, Претседател на Управен Одбор на Макстил АД, г-дин Иван Бановски, Генерален менаџер на Макстил, г-дин Петер Јенск, Економски директор на Макстил и г-дин Митко Кочовски, Извршен Директор на Макстил.
На состанокот г-динот Димитар Цветковски, Претседател на Управен Одбор на Макстил АД објасни за работата на компанијата и генералната состојба како и дека годишното производство на Макстил изнесува околу 320 илјади тони, со над 920 вработени.
“Турскиот пазар е многу важен за нас”
Во продолжение на својата презентација г-динот Цветковски истакна “Турскиот пазар е многу важен за нас”. Имаме соработка со компанијата за челик во Турција-Дуферко. Вршиме продажба на компаниите за тешка индустрија,бродоградба и компании за железо и челик.
“Сакаме да ги развиваме нашите односи со Турција”. Добри сме и во продажби, освен продажби имаме и дејности во насока на купување од Турција. Порано за разни потреби соработувавме со голем број на компании. Како најново, од турска компанија купивме два големи кранови. Имаме голем простор за проширување на оваа соработка “.
“Турција има многу добра индустриска култура” со оваа изјава г-динот Цветковски ја пофали турската индустрија.
‘Членки како компанијата Mакстил се од голема важност за членството на МАТТО’
Г-ѓа Букет Герекчи, заменик претседател на МАТТО во своето обраќање истакна дека за нас преставува голема чест фактот што компанијата Макстил е наша членка. Сигурни сме дека ќе превземеме значајни чекори во наредниот период. Нашата цел како МАТТО е да ја зголемиме соработката и обемот на трговија помеѓу двете земји. Профилот на компанијата Макстил е во согласност со оваа цел.
“Станавме член на МАТТО за да ги заштитиме нашите односи со турски клиенти”
Причината која станавме членки во МАТТО беше стравот од трговската војна во последните неколку години. Бидејќи незнаевме во која насока ќе се движи оваа трговска војна, а со цел да ги заштитиме односите со нашите клинети во Турција, одлучивме да станеме членки во МАТТО. Покрај тоа, да се биде во институција признаена од страна на турската држава е од голема важност во однос на изнаоѓање решенија за проблемите со кои се соочуваме во овој процес. На членството на МАТТО не гледаме како елемент за да ги заштитиме нашите сопствени интереси.
“Улогата на МАТТО е голема во поглед на проширување на увоз и извоз со Турција” истакна г-динот Цветковски.
Менаџерите на МАТТО и Макстил одржаа средба на која се разговараше за многу актуелни прашања.