Back to Blog

Стопанската комора на Македонија-Турција МАТТО, започна со првата активност за пренесувње на искуство која се одржа на 10-ти Март 2012 год (сабота) во хотелот StoneBridge.

Претседателот на Стопанската комора на Македонија-Турција МАТТО г-дин Туна Ејуп Кахвеџи ги поздрави сите присутни на конференцијата, и го кажа следното; МАТТО започнува со нова активност за пренесување на искуство. Очекувањата од оваа активност е да им се придонесе на младите амбициозни луѓе да изградат подобра иднина . Во текот на 2012 година се планира да се изведат 6 активности. Во денешната активност е вклучен г-дин Ибрахим Џевахир кој  е роден во 1936 год во Трабзон во областа на Чајкири на 1.300 km одалеченост од Истанбул. Тој од работа во мал ресторант станал сопственик на еден од најголемите холдинзи. Ибрахим Џевахир раскажувајќи за своето искуство ќе им помогне на многу млади амбициозни луѓе за градење на подобра иднина рече Претседателот на Стопанската комора на Македонија-Турција МАТТО.

Втор говорител беше Турскиот  Амбасадор во Р.Македонија г-дин Ѓурол Сокменсуер, тој го истакна следново: Оваа конференција организирана од страна на Стопанската комора на Македонија-Турција МАТТО ќе биде од голема корист и искрено се надевам дека говорот на еден од најуспешните бизнисмени од Турција г-дин Ибрахим Џевахир ќе донесе позитивни резултати не само за Турските туку и за сите бизнисмени во Р.Македонија. Повторно им се заблагодарувам на управата на Стопанската комора на Македонија-Турција МАТТО.
Министерот за безресор г-дин Хади Незир истакна дека Република Турција секогаш била на страна на Република Македонија така и ќе остане. Пред 2 недели заедно со премиерот на Р.Македонија Г-дин Никола Груевски и неколку колеги Министри започнувајќи од Истанбул ги посетивме и Коња, Кајсери, Газиантеп, Измир и како последно ја посетивме Бурса каде им беше презентирано на 1700 бизнисмени кои се поволностите за инвестирање на Р.Македонија во бизнис форумот во Бурса. Претседателите на двете земји се сретнаа во Анкара каде што премиерот на Р. Турција Реџеп Тајјип Ердоган му се обрати на премиерот на Р. Македонија г-дин Никола Груевски и го кажа следново: Ние како Р.Турција секогаш ќе стоиме на страната на Македонија. Со тоа јавно ги повикавме бизнисмените да дојдат да инвестираат во Македонија.

Во продолжение на седницата Г-дин Ибрахим Џевахир го започна својот говор, со што го пренесе своето искуство, својата биографија и Раѓањето на ЏЕВАХИР ХОЛДИНГ и зошто ја одбрал токму Македонија како земја за инвестирање. Тој смета дека  Македонија иако е мала земја со пропусти во законот за странски инвеститори, таа е динамична земја. И дека во иднина треба да се отвори патот на сите оние странски инвеститори кои сакаат да инвестираат во неа. По завршетокот на конференцијата имаше коктел на кој присуствуваа повеќе од 100 гости.

i1.JPG
 
i3.JPG
 
i2.JPG
 
i4.JPG
 
i.cevahir.JPG

 

Faaliyetimiz ile ilgili detay görüntüleri bu bilginin üstüne tıklayarak fotogalerimize ulaştıktan sonra ilgili albüme girerek bulabilirsiniz >>>

 

Share this post

Back to Blog