Управниот одбор на МАТТО на 1-ви октомври 2014 беше во посета на г-динот Беким Незири, Министер за економија на Р.М
На 1-ви октомври делегацијата на Управен Одбор на МАТТО беше во посета на г-динот Беким Незири, Министер за економија во Влада на Р.М.
Г-динот Незири истовремено и почесен претседател на МАТТО оствари средба со делегацијата на МАТТО во една многу пријатна атмосфера.
Министерот Незири истакна дека се работи на тоа да се зајакнат уште повеќе односите со Турција, во процесот на средба на Македонија со новите пазари, тие имаат за цел да се соработува со Турција.
За време на средбата се изјасни дека ќе даде подршка на МАТТО околу темата за инвестиција на турците во слободната зона. Министерот Незири истакна дека е отворен за соработка во текот на неговиот мандат како министер да се зајакнат односите помеѓу Македонија и Турција како и да се оргазинираат трајни активности заедно со МАТТО, како би се зголемил секаков вид на соработка помеѓу Турција и Македонија.
Како последно Министерот Незири истакна дека ќе задолжи посебен персонал кој ќе биде одговорен за решавање на проблемите со кои се соочуваат бизнисмените-членки на МАТТО како и зајакнување на соработката.
Г-динот Туна Ејуп Кахвеџи, Претседател на МАТТО како и членките на Управниот одбор го изразија своето задоволство од укажаното гостропримство од страна на Министерот.
