На 28 октомври 2015 год. г-дин. Туна Ејуп Кахвеџи, претседател на МАТТО, ја прими во посетата делегацијата на АНЕСИАД
Членките на АНЕСИАД ги разгледаа можностите за инвестирање во Македонија
На 28 октомври 2015 год. делегацијата АНЕСИАД која се состои од 15 особи беше пречекана од страна на Претседателот на МАТТО г-дин Туна Ејуп Кахвеџи, трговскиот советник при Амбасада на Р.Турција во Скопје г-дин Бунјамин Кутлу и членката на Управен Одбор г-дин Ејуп Учак.

Здружението на Индустријалци и бизнисмени АНЕСИАД, делегација која ја сочинуваат 50 членки во склоп на балканската тура во Македонија беа во посета на Халк Банка во Скопје и МАТТО. Делегацијата пречекана од страна на Претседателот на МАТТО г-дин Туна Ејуп Кахвеџи и трговскиот советник при Амбасада на Р.Турција во Скопје г-дин Бунјамин Кутлу добија информации околу можностите за инвестирање во Македонија.

Претседателот на У.О на АНЕСИАД г-дин Нијази Дилек истакна дека оваа посета била до краен степен корисна и дека тука добиле совети кои вредат злато, при што се здобиле со позитивни информации од искусни луѓе кои тука инвестирале. По разговорите во Македонија планираме да ја посетиме Босна и Херцеговина и да остариме слични разговори па ќе се вратиме во Турција.


