Back to Blog

Cредбата г.Туна Ејуп Кахвеџи, претседател на МАТТО со г. Бранко Азески, претседател на Стопанска комора на Македонија (6.04.2016)

Можно ли е и како  да се унапреди трговска соработка Македонија Турција

Владите на Република Македонија и Република Турција веќе подолго време ја заговараат целта да билатералната трговска размена од сегашната над 300 мил УСА$ се зголеми на 1 милијарда$. Да ли e тоа политичко согледување или објективна проценка. Можно ли да да се унапреди билатералната соработка и како  – беше тема за разговор при средбата г.Туна Ејуп Кахвеџи, претседател на МАТТО   со г. Бранко Азески, претседател на Стопанска комора на Македонија (6.04.2016). Заеднички е констатирано дека на економијата на Република Македонија и се потребни стратешки партнерста на големи економии за да се одржливо интегрира во  пазарите на ЕУ но и на трети пазари. ЕУ преку Договор за стабилизација и асоцијација ја вклучи Република Турција во дијагонална кумулација на поттекло а истото е и во рамките на ЦЕФТА 2006. Тоа значи, ЕУ индиректно ги упатува земјите од Западен Балкан, да покрај интра регионалната соработка, соработка со ЕУ и ЕФТА ја развива и економската соработка со Република Турција. Но рашањето  е како македонскиот неразвиениот сектор на мали и средни компании со мал претприемачки капацитет да најдат заеднички деловен интерес со силно развиен МСП сектор во Реублика Турција со силно развиено претриемаштво. Двата претседатели на коморите констатираа дека Македонија и нејзината економија треба да се опсервира во регионален  контекст и согласно тој факт треба  и да се креираат модели на економска соработка. Коридорите 8 и 10 на некој начин ја форматираат деловна и инвестициона можност на Македонија бидејќи тие не се само правци на комуникација и поврзување веќе се индуктори и на бизнисите по нивната должина. Во таа смисла техничко технолошко развојни зони, инвестиции во реален сектор и заеднички настап на трети пазари се реални преизвици за македонско турски партнерства.  Беше констатирано дека црната и обоената металургија, која учествува со 80% во вкупниот извоз на Македонија во Турција, со 8,1% во националниот БДП и 16% во вкуниот извоз на Македонија е сектор кој има капацитет за родлабочена соработка. 

Г. Бранко Азески информира дека оваа година Стоанската комора на Македонија претседава со Асоциација на Балканските комори (АБК) и Генералното собрание се ланира во Септември во Скоје. Г. Кахвеџи предложи да би било добро да се постави тема за усогласување на царинските и други процедури на протокот на стоките по коридорите 10 и 8 што беше прифатено од страна на претседавачот на АБЦ.

 Како заклучокот од средбата Г. Кахвеџи и г. Азески се договорија да двете комори ги искористат своите институционални капацитет и да го подготват  предлог акционен план  за заеднички активности кои би ги поттакнале конкретни деловни партнерства и би ги охрабриле, особено македонските менаџери за заедничко претриемаштво со турските.

Share this post

Back to Blog