Back to Blog

Потпишан протокол за соработка помеѓу MATTO и Канцеларијата на Фондацијата „Туркије Маариф“ во Северна Македонија

Стопанската комора Македонија–Турција (MATTO) и Канцеларијата на Фондацијата „Туркије Маариф“ во Северна Македонија потпишаа протокол за соработка, со цел унапредување на заедничките активности во областа на образованието и бизнисот.

Протоколот беше потпишан од претседателот на Стопанската комора Македонија–Турција (MATTO), г. Ајдован Адемоски, и претставникот на Фондацијата „Туркије Маариф“ во Северна Македонија, г. Осман Демиргул.

Со овој протокол се предвидува зајакнување на заемната соработка помеѓу двете институции и придонес кон одржлив развој во областите на образованието и економијата во Северна Македонија.

MATTO верува дека оваа вредна соработка ќе придонесе за понатамошно зацврстување на пријателските односи меѓу двете земји и реализација на заеднички проекти од заемeн интерес.

Share this post

Back to Blog