Back to Blog

Стоковна размена со странство, јануари – јули 2025 година

Раст на извозот и на увозот во јули 2025 година во споредба со јули 2024 година

Вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во периодот јануари – јули 2025 година, изнесува 290 164.0 милиони денари и бележи пораст од 3.2 % во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увезената стока, во периодот јануари – јули 2025 година, изнесува 410 470.4 милиони денари, што е за 2.7 % повеќе во споредба со истиот период од претходната година..

Стоковна размена изразена во САД долари

Во периодот јануари – јули  2025 година, Р.С Македонија има остварено вкупна трговска размена со Р. Турција во вредност од 596 158 милиони САД долари што е за 6.2 % зголемена споредено со истиот период во 2024 г.  Од тоа, извоз во Р. Турција изнесува 84 807 милиони САД долари што претставува намален за 17.0 % во однос на ист период 2024 г. Увозот е зголемен за 11.7% и изнесува 511 350 милиони САД долари.

Р. Турција седми трговски партнер на Р.С. Македонија, редоследно Германија, Велика Британија, Грција,  Кина, Србија, Бугарија и Турција.

рговската размена по производи според Стандардната меѓународна трговска класификација покажува дека во извозот најголемо е учеството на: катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, деловите на седишта од подгрупата 821.1 и други катализатори на носачи.

Во увозот најмногу се застапени: нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав, платината и легурите на платина, необработени или во прав и електричната енергија.

Во периодот јануари – јули 2025 година, според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, најмногу се тргувало со Германија, Велика Британија, Грција,  Кина, Србија, Бугарија и Турција, кои учествуваат со    47.3 % во вкупниот обем на размената. Земјите членки на Европската Унија учествуваат со 60.4 % во вкупната размена.

Извоз  јануари – јули 2025 година во однос на јануари – јули 2024 година 

  • 5 206.8 милиони САД долари: +5.4 %

Увоз јануари – јули 2025 година во однос на јануари – јули 2024 година 

  • 7 359.3 милиони САД долари: +4.8 %

Share this post

Back to Blog