Градоначалникот на Општина Штип пред членките на УО на МАТТО ги презентираше инвестициските можности од регионот
Стопанската комора на Македонија-Турција (МАТТО) ја одржа седницата на Управниот одбор во мај на која гостин беше градоначалникот на Општина Штип, г-дин Иван Јорданов.
На средбата се разговараше за можностите за инвестирање во Штипскиот регион и можностите за соработка помеѓу двете институции.
‘Штип е многу важен регион за инвеститорите“
Претседателот на МАТТО, г-дин Ајдован Адемоски, кој ги информираше гостите за активностите на Стопанската комора на Македонија-Турција, истакна дека Штипскиот регион е многу важен регион за инвеститорите и дека има различни области за соработка со овој регион, од кои најважен е образовниот сектор. Потсетувајќи дека меѓу членките на МАТТО се и Меѓународниот балкански универзитет и Меѓународните училишта ,,Маариф”, тој додаде дека со регионот може да се оствари сериозна соработка во областа на образованието.
Во своето обраќање, г-дин Адемоски истакна: „Многу сме задоволни што билатералниот обем на трговска размена меѓу Турција и Северна Македонија надмина милијарда долари. Но, не треба да се задоволуваме со тоа. Треба да го зголемиме обемот на трговијата на 2-3 милијарди долари. Ова може да биде можно доколку се ажурира договорот за слободна трговија со Турција, како во случајот со Србија и Босна и Херцеговина. Како градоначалник на Општина Штип потребна ни е вашата поддршка“.
„Студентите од Турција придонесуваат за економијата на Штип“
„Штип е образовен, трговски, административен и здравствен центар на источниот регион. Градоначалникот на Општина Штип, г-дин Иван Јорданов, истакна: „Задоволни сме што многу турски студенти доаѓаат во нашиот град. Во Штип престојуваат повеќе од илјада турски студенти. Некои од нив се образуваат, некои се во подготвителна фаза. Имајќи ги предвид одличните односи меѓу Северна Македонија и Турција, наша одговорност е внимателно да ја следиме состојбата на овие студенти. Можам да кажам и дека дел од овие студенти отворија бизнис во нашиот град. Суштината на работата е дека овие студенти придонесуваат за економијата на нашиот град“.
Градоначалникот Јорданов истакна и дека најважен сектор во регионот е текстилната индустрија. Тој нагласи дека како администрација на локалната самоуправа е во постојана комуникација со компаниите.
По обраќањата, г-ѓа Зујица Ангелова, директорка на Центарот за развој на источниот плански регион (ЦРИПР), која го придружуваше градоначалникот Јорданов, истакна дека Центарот за развој на Источен плански регион вклучува (покрива) 11 општини: Берово, Виница, Делчево, Зрновци, Карбинци, Кочани, Македонска Каменица, Пехчево, Пробиштип, Чешиново-Облешево и Штип, се простира на територија од 3537км2 т.е. зафаќа 14% од територијата на Република Северна Македонија и има 181.858 жители.
Таа ги претстави можностите за инвестирање во овие 11 општини и субвенциите што ги нуди локалната самоуправа. На крајот од средбата беше потпишан протокол за соработка меѓу страните.




