Вкупно 14 милиони денари помош од МАТТО за настраданите од земјотресот во Турција
Донацијата што ја собра МАТТО достигна 14 милиони долари
Стопанската комора на Македонија – Турција (МАТТО) ќе донира 14 милиони денари помош за настраданите граѓани од катастрофалниот земјотрес во Турција.
Управниот одбор на МАТТО денеска донeсе одлука да пренамени два милиона денари од Комората за помош, а дополнителни 12 000 000 денари се собрани од нејзините компании-членки, со тоа вкупната собрана сума досега достигна 14 милиони денари.
Средствата до петок, ќе се префрлат на сметката на Центарот за управување со катастрофи и вонредни состојби на Турција (АФАТ).