Битиќи во домаќинство на МАТТО ги претстави можностите за инвестирање пред стопанствениците од РУМЕЛИСИАД
МАТТО беше домаќин на Вицепремиерот за економски прашања, г-дин Фатмир Битиќи, и Агенцијата за странски инвестиции и промоции на извозот на РСМ, кои на стопанствениците од РУМЕЛИСИАД им ги претставија можностите за инвестирање во РСМ.
Претседателот на Асоцијацијата на индустријалци и стопанственици РУМЕЛИСИАД и бизнисмени кои се членки на асоцијацијата, остварија работна посета во Република Северна Македонија. Во рамките на оваа посета стопанствениците на РУМЕЛИСИАД ги разгледаа можностите за инвестирање во земјата.
Се одржа состанок со учество на Вицепремиерот за економски прашања на РСМ
г-дин Фатмир Битиќи, директорот на Агенцијата за странски инвестиции и промоции на извозот на РСМ, г-дин Беким Емини, стопанственици од РУМЕЛИСИАД и членови на Управниот Одбор на MATTO, чиј домаќин беше Стопанската комора на Македонија Турција (МАТТО).
На средбата, заменик претседателот на МАТТО, Др. Билал Суџубаши ги информираше гостите за активностите на МАТТО, со акцент на економските и трговски односи помеѓу Р.Турција и Р.Северна Македонија.
„Турските компании имаат корист од владината поддршка“
Вицепремиерот Фатмир Битиќи информираше за капацитетите кои им ги нуди владата на инвеститорите.
Во своeто обраќање Битиќи истакна: „Северна Македонија е многу важна дестинација за странски инвестиции. Тоа се должи на предвидливите економски политики што ги водиме како влада. Во нашата земја има многу турски компании, сите се активни на своите полиња, а многу од нив имаат и разновидна поддршка од државата. Најважните примери за поддршката што ја нуди владата се турските компании“.
„Се залагаме за ослободување на инвеститорите од даноци и обезбедување на финансиска поддршка. Како Влада им даваме привилегии на оние кои инвестираат во областа на високата технологија. Во нашата земја има изобилство на квалификуван кадар во областа на високата технологија“.
„Сакаме да ја зајакнеме нашата соработка, затоа сме тука“
Претседателот на РУМЕЛИСИАД, г-дин Зариф Алп, кој зеде збор на средбата, истакна дека РУМЕЛИСИАД е организација каде што се здружуваат деловните луѓе, т.е претседателите на асоцијацијата кои мигрирале: „Го гледаме местото каде што сме родени, како татковина“.
Во своето обраќање Алп истакна: „Нашето здружение се состои од 350 членови, имаме 60 илјади вработени, а обемот на трговијата на нашите компании-членки изнесува приближно 1,5 милијарди долари. Нашите компании работат во 36 различни сектори како автомобилизам, текстил и услуги. Сакаме да воспоставиме посилна соработка со Северна Македонија, затоа сме тука“.
Изразувајќи дека се свесни за важноста на Северна Македонија, Зариф Алп изрази дека се многу среќни кога ја гледаат моќта на Турција токму овде.
Во продолжение на средбата на гостите беа презентирани детални информации за можностите за инвестирање во РСМ.



