Back to Blog

Делегација на Здружението на млади бизнисмени на Турција (TÜGİAD) со седиште во Истанбул беше во посета на МАТТО

Делегацијата на TÜGİAD предводена од претседателката г-ѓа Нилуфер Чевикел беше претставена од компании од повеќе различни сектори како текстилна индустрија, инфраструктура, енергетски сектор и др.

На состанокот беа презентирани и дискутирани можностите за инвестирање во нашата земја, можностите за меѓусебна соработка, а гостите беа информирани од страна на претседателот, г-н Ајдован Адемоски и Kо-претседавач, г-н Билал Суџубаши и за постапката за ажурирање на договорот за слободна трговија помеѓу двете земји.

Меѓудругото, на овој состанок беа договорени и следните чекори за понатамошна соработка и подготовка на состаноци со потенцијални инвеститори од двете земји кои би се одржале во Истанбул, Турција. Беа одржани билатерални средби меѓу членовите

Share this post

Back to Blog