Back to Blog

Посета на МАТТО од страна на деловни луѓе од Измир, претставници од Кизилај, политичари и невладини организации

Денес Стопанската комора на Македонија-Турција, МАТТО беше домаќин на деловните луѓе од регионот на Измир во Турција, претставници на турската црвена полумесечина, политичари, управители на балканските здруженија и градоначалници.

Претседателот на МАТТО, г-дин Ајдован Адемоски ги информираше гостите за активностите на Стопанската комора на Македонија-Турција,МАТТО.

Kо-претседавач Д-р.Билал Суџубашина ги претстави можностите за инвестирање во Република Северна Македонија и зборуваше за важноста на инвестирањето во Македонија.

Гости на состанокот беа и г-дин Емре Џемил Ајвали, заменик-претседател на АК партијата и член на МКИК, градоначалникот на Буча, г-дин Ерхан Килиќ, Мурат Џихан, заменик началник на полицијата на Измир, членовите на одборот на Црвената полумесечина, Мухамед Али Алпбога и Аднан Курназ, г-дин Омур Шанли, претседател на турската Црвена полумесечина Измир Конак, Ајдин Коч, заменик-претседател на Федерацијата на Министерството за млади и спорт, г-дин Бариш Озречбер, заменик градоначалник на Буча, г-дин Екрем Селимлер, претседател на Меѓународната балканска федерација, г-дин Илхами Јилдиз, претседател на Мак-Гоч, г-дин Иса Незир, член на собранието на АК Партијата во Измир. Управителот на АК Партија Мендерес, г-дин Синан Акдениз заедно со бизнисмените г-дин Себахатин Донмез, Мустафа Сарикаја и Ејуп Аксу.

Share this post

Back to Blog