Back to Blog

Претседателот на МАТТО, г-дин Aјдован Адемоски, ја пречека делегацијата на Здружението на стопанственици и трговци „ЕСНАФ“ од Косово

Претседателот на Стопанска комора Македонија-Турција, г-дин Ајдован Адемоски денес во просториите на комората ja пречека делегацијата на Здружението на стопанственици и трговци„ЕСНАФ“ од Косово. Делегацијата составена од претседателот на Здружението на трговци, г-дин Варис Џејлани и членовите на Управниот одбор, Едиз Чабрати и Џевдет Кабаши,беа пречекани од страна на г-дин Адемоски, претседател на МАТТО, Др.Билал Суџубаши, копретседавач на МАТТО, г-дин Муртеза Сулооџа од Јени Балкан, членка на УО на МАТТО, и г-дин Мухамед Хаџипази од Халк Банка.
На средбата се разговараше за можностите за инвестирање меѓу двете земји. Адемоски на гостите од Косово им објасни околу можностите што им ги нуди Р.Северна Македонија на инвеститорите. Постигнат е консензус за продлабочување на соработката меѓу двете институции

Share this post

Back to Blog