Back to Blog

Министерот за здравство, г-дин Венко Филипче, оствари средба со членките на МАТТО

Во рамките на посетата, министерот Филипче се состана со претседателот на МАТТО, г-дин Ајдован Адемоски, а потоа одржа состанок со членовите на Управниот одбор на МАТТО. На состанокот беа разгледани социјалните, економските и здравствените области.

На почетокот на состанокот, претседателот на МАТТО, г-дин Ајдован Адемоски, му се заблагодари на министерот Филипче, изразувајќи благодарност за успешната борба со голема пожртвуваност и напор за време на пандемискиот процес.

„Членовите на МАТТО придонесоа за здравствениот систем за време на пандемијата“

Во својот говор, Адемоски нагласи  дека МАТТО има членови кои работат во областа на здравството и дека во иднина ќе се обидат да привлечат инвестиции во оваа област.

Адемоски изјави дека членовите на МАТТО дале голем придонес во здравствениот систем со своите проекти за социјална одговорност за време на пандемискиот процес.

Нагласувајќи ја важноста на договорот за слободна трговија кој треба да се потпише меѓу Р.Турција и Р.Северна Македонија, Адемоски истакна дека доколку овој договор биде потпишан, ќе се отвори патот за турските компании кои сакаат да инвестираат во областа на здравството.

Посочувајќи дека во МАТТО има повеќе од 100 истакнати компании, заменик претседател на МАТТО,г-ѓа Марија Томеска, изјави дека треба да се спроведат студии за да се одржи јавно-приватната соработка.

Благодарност до членките на МАТТО

Изразувајќи задоволство за средбата, Филипче им се заблагодари на членовите на МАТТО, Халкбанка, Лимак, ТАВ и Аџибадем Систина за значителната поддршка за време на пандемискиот процес.

Филипче: „Пред извесен период ја посетивме Р.Турција . Имавме многу продуктивна средба со претседателот Ердоган. На оваа средба учествуваше и претседателот на МАТТО, Адемоски. Зборувавме за тоа како можеме да ги унапредиме нашите веќе добри односи на следното ниво. На состанокот побаравме поддршка преку донации на вакцини од Р.Турција и нашето барање беше прифатено. Турција испрати вакцини во нашата земја за многу кратко време “.

„Кризата нè научи на многу работи“, истакна министерот за здравство Венко Филипче во своето обраќање на членовите на УО на МАТТО:

„Оваа новонастаната криза нè научи многу за социјалните, економските и здравствените области. Ни покажа колку се значајни овие сектори и странски инвестиции за нашето општество, особено во овој процес “.

Посочувајќи дека вакцинацијата е од голема важност во овој процес, Филипче ги повика сите компании да ги охрабрат своите вработени да се вакцинираат.

Студиите во Р. Турција во областа на здравството можат да бидат земени како пример.

На крајот од средбата, Филипче и Адемоски меѓусебно си врачија плакети.

Share this post

Back to Blog