Стопанската комора на Македонија-Турција (МАТТО), ја продолжува традицијата за Ифтарска вечера
.
Стопанската комора на Македонија-Турција (МАТТО), вечерва во Скопје ја одржа традиционалната Ифтарска вечера.
На традиционалната Ифтарска вечера која се одржа во хотелот Double Tree by Hilton во Скопје, присуствуваа премиерот на Република Северна Македонија, г-дин Талат Џафери, почесен претседател на МАТТО Aмбасадор на Р.Турција во Скопје, г-дин Фатих Улусој, вицепремиерот за економски прашања на РСМ, г-дин Фатмир Битиќи, министер за одбрана на РСМ, г-ѓа Славјанка Петровска, министер за економски прашања, г-дин Фатмир Бесими, претседатели и членови на правосудните органи како што се Уставниот суд, Врховниот суд, гувернерката на Народна Банка, г-ѓа Анита-Ангеловска Бежовска, градоначалничката на град Скопје, г-ѓа Данела Арсовска, Aмбасадори и претставници од амбасадите, претседателот на ТДП и пратеник, г-дин Бејџан Илјаз, координаторот на ТИКА во Скопје, г-дин Мехмет Бајрак, градоначалници, политичари, еснафи, претставници на невладини организации, академици, просветни работници и деловни луѓе од целата земја.
„Со задоволство ја споделуваме оваа вечер, со акцент на единството и братството“
Поздравувајќи ги присутните, претседателот на МАТО, г-дин Ајдован Адемоски, истакна: „Би сакал да изразам голема благодарност до сите вас што ја прифативте нашата покана за ифтар по повод светиот месец Рамазан“. „Во мое име и во името на членовите на МАТТО, сакам да изразам дека со големо задоволство ја споделуваме оваа убава вечер со акцент на единството и братството.
„Република Турција гледа на Република Северна Македонија како на непосреден сосед“
На почетокот на своето обраќање, амбасадорот на Р.Турција во Скопје, г-дин Фатих Улусој ги пренесе поздравите на почитуваниот амбасадор на Р.Турција во Скопје, г-дин Реџеп Тајјип Ердоган и продолжи: „Република Турција и Република Северна Македонија имаат многу блиски врски кои ја црпат својата сила од нашата заедничка историја. Иако Република Турција нема физичка граница, таа ја гледа Република Северна Македонија како свој неграничен сосед. „Имаме заемно кооперативно партнерство и сојуз со Република Северна Македонија, во контекст на членството во НАТО.
„Република Северна Македонија е многу вреден пример и за Балканот и за другите делови од светот во однос на различните етникуми и култури кои живеат во почит и меѓусебна доверба“.
„Да дадеме секаков вид на поддршка, со цел да го одржиме жив нашиот убав јазик, турскиот“
Амбасадорот Улусој, осврнувајќи се на прашањето за образованието, го продолжи своето обраќање:
„Сакам да споменам едно многу важно прашање. Соработката во областа на образованието и обуката има многу посебно место во односите меѓу нашите земји. Партнерството меѓу универзитетите и приватниот сектор станува се поважно од ден на ден. Во оваа насока, би сакал посебно да ги споменам катедрите за туркологија и турски јазик и книжевност кои работат на различни универзитети во Македонија. Ќе бидат добредојдени стимулациите на МАТТО и нашите компании членки и други институции за проширување на можностите за вработување на младите кои дипломираат на катедрите за турски јазик, на чие образование му придаваме важност. Во овој контекст, мислам дека би било корисно да се зголемат можностите за стипендирање од приватниот сектор за нашите успешни студенти кои студираат на катедрите за туркологија и турски јазик и книжевност. Да ја дадеме сета поддршка која можеме, за да го одржиме жив нашиот убав јазик, турскиот“.
Ифтарската програма, која традиционално секоја година ја организира МАТТО, заврши со молитва.






































