На седницата на УО на МАТТО одржана на 14ти декември 2015 год. како гостин присуствуваше Директорот на Управа за јавни приходи УЈП г-дин Кирил Миноски
“Ова ми е првата средба со бизнис заедницата – приватниот сектор, откако сум назначен за директорот на УЈП пред три недели. А особено ми е драго што седам со раководители на најголеми турски инвеститори во Македонија, што можам да ги слушнам нивните перцепции за даночната проблематика но и да се изворно запознам со практиките во оваа сфера во Република Турција. Република Турција е најголем и најискрен пријател, до денес, на Република Македонија. Нашата држава е мала но тој хендикеп го надминува со отворена економија а предноста на геостратешката положба и овозможува пристап до много пазари. Трансфер на искуствата ни помага да оптимално се доближиме до интернационалните практики а со тоа и да се одржливо интегрираме во регионална и глобална економија“ – со оваа обраќање на г. Кирил Миноски, сношти ја отпочна средбата со членовите на Управниот Одбор на МАТТО (14.12.2015.
Г. Миноски, Со своето присуство го предизвика интересовање на членовите од аспект каков приод ќе има УЈП во имплементацијата на даночната политика во неговиот мандат. Тој истакна дека функцијата на УЈП е превентивна и едукативна но и репресивна. Тој лично, во неговиот мандат ќе дава предност на првата функција – превенирање на непримерено даночно однесување на даночните обврзници преку едукацијата и укажувања, особено кога се работи за микро, мали па и средни претпријатија. Целта е да се поддржи деловната активност на деловни субјекти а не да се попречува нивното работење и раст со несоодветно делување на инспекцијскиот орган, бидејќи едновремено функцијата на даночната политика, собирање буџетски средства се доведува во прашање – истакна директорот на УЈП.

Пренесувајќи практиките во Турција г. Туна Ејуп Кахвеџи го даде пример на е-даночен систем каде електронски фактури и електронско поврзување на УЈП со институциите релевантни за даночното обработување на обврзниците овозможуваат вршење на контроли од канцеларијата без личен контакт инспектор – даночен обврзник. Таково работење релаксира сам контролен механизам и постои простор за укажување пред да се казнува. Исто така, од страна на г. Ејуп Учак, консултант на Џевахир холдинг во Македонија, беше посочено позитивно искуство во Турција со проектот “договорот за мир “ кој овозможи со паушален данок од 2% на обртот да се вратат парите од сивата економија во легалните текови. Г. Ајдован Адемоски, сопственик на Капитол мол и Стон Бриџ хотелот, забележа дека постојаат многу празнини и недоречености во даночната регулатива која овозожува неконзистентна имплементација на истата, како што е регулирање на капар. Такови ситуации отворат врата и за девијантни односи помеѓу компаниите и инспекторите. Г. Неџат Палкчи, директорот на ХАЛК Банка ја истакна ригидност на регулативата но и релевантните финансијски институции во однос на прилив на готовина од странство. Тој посочи практиката на Турција и САД по однос на овие прашања. Не е логично да е полесно да се изнесат отколку да внесат парите во земјата, а исѕовремено компаниите имаат ограничен пристапдо капиталот. Од страна на г. Буњамин Кутлу се укажа на забелешките на компаниите на поврат на ДДВ. Секоје поднесување на барањето за поврат на ДДВ повлекува и инспекции а повратот се чека неизвесно долго.

Г. Кирил Миноски, директорот на УЈП, ги сподели перцепциите со учесниците во разговорот и најави очекувања дека и УЈП на Македонија во наредните две години ќе воведе систем на електронски фактури и контрола од канцеларијата. Што се однесува до брзината на поврат на ДДВ тој овиси од моменталниот капацитет на државната каса. Но сепак поврат се реализира. Тој истакна дека странските инвеститори би требало да пренесат практиката на еквити фондовите, особено во однос на креирање бизнис инкубатори и технолошки паркови сошто би се подобрил пристап до капиталот. Тој уште еднаш се заблагодари за можност за непосредната институционална средбата со турските инвеститори преку Стопанска комора Македонија Турција МАТТО и нагласи да е то почеток на партнерство во кое со трансфер на практиките, заедно ќе се влијае врз унапредување на имплементација на даночните политики на Република Македонија и усогласување со меѓународните практики.
