Стопанската комора на Македонија-Турција (МАТТО), ги пречека претставниците на делегацијата РУМЕЛИСИАД
Стопанската комора на Македонска Турција – МАТТО, ја прими делегацијата на Здружението на стопанственици со седиште во Бурса – RUMELİSİAD. Претседателот на РУМЕЛИСИАД, г-дин Мурат Евке и неговата придружна делегација беа пречекани од потпретседателот на МАТТО, г-дин Билал Сучубаши. Сучубаши ги поздрави присутните и даде информации за МАТТО и можностите за инвестирање во Република Северна Македонија.
На средбата меѓу делегациите се разговараше за активностите што ги планираат двете збратимени комори во наредниот период. Додека претседателот на РУМЕЛИСИАД г-дин Мурат Евке изјави дека планира економски самит во Скопје во наредниот период, потпретседателот Сучубаши изјави дека сме подготвени да дадеме секаква поддршка за реализирање на истиот.
Претседателот на РУМЕЛИСИАД г-дин Евке, изјави дека од МАТТО очекуваат во најскоро време посета на Бурса.
Помеѓу членовите на делегацијата на RUMELİSİAD, беа почесниот конзул на Република Северна Македонија во Бурса, г-дин Халил Беџети и стопанственици имигранти од земји како Македонија, Грција, Косово и Бугарија.
Здружението кое работи од 2006 година, се труди да ги развие врските меѓу двете земји и во деловниот свет и во културната сфера. Оваа година RUMELİSİAD започна да организира курсеви по македонски јазик, специјално за своите членови.


