• Денес е: петок, септември 30, 2022

МАТТО и ДЕНИБ во Скопје организираа работен форум за домашен текстил

Matto
декември22/ 2017

„Оваа посета претставува еден вид на прелиминарна студија за годините кои следат и инвестициите кои ќе се спроведат во Македонија на полето на текстилот”, рече главниот советник при амбасадата на Турција во Македонија Кутлу

СКОПЈЕ (АА) – Денеска во Скопје Стопанската комора Македонија – Турција (МАТТО) и Унијата на извозници од Денизли (ДЕНИБ) организираа работен форум за домашен текстил,

На форумот учествуваа главниот советник за економски прашања при амбасадата на Турција во Македонија, Бунјамин Кутлу, заменик-претседателот на МАТО, Ајхан Узун, генералниот секретар на ДЕНИБ Угур Дајиоглу, членови на МАТТО и ДЕНИБ, и голем број компании од Македонија и Турција кои делуваат на тоа поле.

Во своето обраќање, главниот советник за економски прашања при амбасадата на Турција во Македонија Кутлу потсети дека во Скопје престојува трговска делегација од Денизли, додавајќи дека во рамките на организираниот форум, ќе бидат спроведени бизнис (B2B) средби меѓу турските и македонските фирми кои работат на полето на домашниот текстил.

„Денизли остварува извоз во висина од 1 милијарда долари на полето на домашниот текстил во светот, и претставува еден од градовите лидери во светското производство на домашен текстил. Денеска со нас се многу наши фирми кои се успешни на тоа поле”, рече Кутлу.

Главниот советник Кутлу го изрази своето уверување дека денешните средби ќе бидат многу успешни и ќе дадат свој придонес во зголемувањето на меѓусебната трговија.

„Се разбира, денеска наша основна цел е развивање на меѓусебната трговска соработка, но трговската соработка може да бидат почеток, за подоцна да следат инвестиции и работи околу заеднички инвестирања. Затоа, оваа посета претставува еден вид на прелиминарна студија за годините кои следат и инвестициите кои ќе се спроведат во Македонија на полето на текстилот”, рече главниот советник при амбасадата на Турција во Македонија Кутлу.

Информирајќи дека во 2017 година трговската размена меѓу двете земји изнесува 450 милиони долари, Кутлу го изрази своето уверување дека во наредната година оваа трговска размена ќе ја надмине вредноста од 500 милиони долари.

Генералниот секретар на ДЕНИБ, Дајиоглу рече дека Денизли има трговска култура и претставува град кој спроведува интензивни активности на полето на извозот.

Дајиоглу рече дека текстилниот сектор е еден од водечките сектори во градот и додаде: „Во палетата на производи имаме пешкири, бањарки и чаршафи, а во светот, покрај високиот квалитет, нудиме и квалитетен сервис. Постојано се развива трговијата меѓу Македонија и Турција и забележавме дека во Македонија не е на доволно ниво увозот на производи на домашниот текстил од Денизли и затоа се одлучивме на овој чекор.”

Дајиоглу рече дека поголемиот дел од фирмите кои дошле во Скопје се производители на домашен текстил, истакнувајќи дека се надева дека како денисли, ќе дадат позитивен придонес во развојот на трговијата меѓу Македонија и Турција.

Заменик-претседателот на МАТТО Узун рече дека Турција во Македонија извезува текстил во висина од 70 милиони долари, од кои 2,5 милиони е готов текстил.

„Денизли во светот извезува текстилни производи во висина од 1 милијарда долари. Тоа значи дека текстилот од Денизли тука не е застапен со уделот кој го заслужува. Затоа среќен сум поради денешните средби и голем сум оптимист”, изјави Узун.

МАТТО и ДЕНИБ во Скопје организираа работен форум за домашен текстил

Share