Претседателот на МАТТО прими делегација од Индустриска Комора на Истанбул, Република Турција.
На 14.10.2009 година Претседателот на Стопанската комора на Македонија – Турција Г-дин Туна Ејуп Кахвеџи и членови од Управен одбор на комората, остварија средба со Пoтпретседателот на Управниот Одбор и членовите на Индустриска комора на Истанбул, Република Турција.
На средбата Претседателот Кахвеџи ги запозна гостите со активностите на МАТТО и условите за бизнис и инвестиции во Република Македонија. Едновремено одговори на повеќе прашања на членовите на Индустриската комора од Истанбул и ги покани на интензивна соработка со членовите на МАТТО.