Back to Blog

Претседателот на МАТТО г-дин Туна Ејуп Кахвеџи учествуваше на Балканско Турскиот Бизнис форум во Букурешт кој се одржа помеѓу 29-30-ти Октомври 2012 година

На Балканско Турскиот Бизнис форум кој се одржа помеѓу 29 – 30 Октомври 2012 година во Букурешт главниот град на Романија, се дискутираше за потенцијалот на надворешната трговска размена помеѓу Турција и Балканските земји. Форумот се одржа во Салонот Александру Лоан Џуза, со организација на Асоцијацијата на Турски бизнисмени во Романија ТИАД и Комората за Трговија и Индустрија во Романија. Во своето воведно обраќање Турскиот Амбасадор на Букурешт г-дин Шолендил, истакна дека влезот на ТИАД на Балканско Турскиот Бизнис форум ќе придонесе многу и за двете земји. Воедно им се заблагодари на оние кои придонеле во организацијата на овој форум. Објасни дека Р.Романија преставува силен стратешки партнер на Р.Турција во решавањето на економските прашања. На Форумот земаа учество Претседателот на МАТТО г-дин Туна Ејуп Кахвеџи, Романскиот Премиер Виктор Понта, Претседателот на Романскиот Парламент, Претседателот на Комората за Трговија и Индустрија г-дин Миахи Власов, Турскиот Амбасадор во Букурешт г-дин Омур Шолендил, Министерот за трговија и бизнис средини во Романија г-дин Миахи Воиџу, Министерот за транспорт и инфраструктура Овидиу Слагхи, Заменик Министерот за Економија на Р.Турција Мустафа Север, Потсекретар на Министерството за регионален развој и туризам во Романија г-дин Марџел Лон Болош, Член на Управен Одбор на ДЕИК-ДТИК г-дин Зејнел Абидин Ердем, Претседател на Турски Романски совет на ДЕИК г-дин Фатих Караманџи, Претседател на Управен Одбор на ФИБА Холдинг г-дин Хусну Озјегин, Претседател на Унијата на Директори во Романија г-дин Константин Паунесџу, Претседателот на Асоцијацијата на Турски бизнисмени во Романија (ТИАД) г-дин Омер Сусли, Претседателот на Унгарската Асоцијација на Турски Бизнисмени (ТУМШИАД), Заменик Претседател на Европскиот регион ДЕИК-ДТИК г-дин Осман Шахпаз, Претседателот на Управниот Одбор на Комората за Трговија и Индустрија г-дин Дурсун Али Тевер, Амбасадорот на Албанија во Букурешт г-дин Сами Схиба, Директорот на ИМКБ г-дин Чагатај Дурук, Нихат Дурак од Марса, Трговски советници од Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Црна Гора, Косово, Македонија, Романија, Србија, Словенија и Грција. Романски и Турски биснисмени, индрустријалци, и новинари.

Share this post

Back to Blog