Back to Blog

На 270.3.2015 година, во организација на Стопанска комора на Македонија-Турција МАТТО делегацијата на Ескишехир беше во посета на Македонија

Целта е формирање на културна и трговска врска помеѓу двете земји…

Под Претседателство на г-дин Гунхан Јазар, заменик Гувернер на Ескишехир, делегацијата на Ескишехир беше во посета на Македонија во организација на Стопанска комора на Македонија-Турција. Во склоп на посетата делегацијата на Ескишехир оствари средба со претставниците на МАТТО.  

На реализираниот состанок присуствуваа Гувернерот на Ескишехир г-дин Гунхан Јазар, Претседателот на МАТТО г-дин Ејуп Кахвеџи, Трговскиот советник при Амбасада на Р.Турција во Скопје, членките на Ескишехир и членките на МАТТО во Македонија, локални и турски бизнисмени. 

На остварениот состанок помеѓу МАТТО и бизнисмените од Ескишехир, Претседателот на МАТТО г-дин Ејуп Кахвеџи даде информации околу економската состојба и можностите за инвестирање.

По средбата, Претседателот на МАТТО г-дин Ејуп Кахвеџи во своето излагање, им пренесе информации за Македонија. Тоа беше многу корисен состанок. Ескишехир преставува многу јак индустриски град. Таа сила очекуваме да се одрази и на Македонија. Резултатот кој ќе произлезе од овој тип на разговори ќе формира поголемо присуство на Турција во Македонија, а со тоа и нас ќе не направи задоволни. Заменикот Гувернер на Ескишехир г-дин Гунхан Јазар истакна дека целта за која дојдоа е запознавање на културниот аспект на Македонија и воспоставување на трговски врски. 

Во своето излагање, трговскиот советник во Аташето за трговија при Амбасада на Р.Турција во Скопје г-дин Бунјамин Кутлу истакна дека ќе продолжи силното влијание и големиот интерес на Турција за Македонија. Ова на нас од поглед на билатералните економски, трговски и културни односи ни дава голема надеж за периодот што следува.

eskimatto1.JPG

eskimatto2.JPG

eskimatto3.JPG

Share this post

Back to Blog