Back to Blog

На седницата на Управен Одбор која се оддржа на 09-ти февруари 2017 година се избра новиот Претседател на Управен Одбор на МАТТО

-дин Ајдован Адемоски, ЕВРОАЗИЈА ТЕХНИКА едногласно е избран за нов Претседател на Управен одбор на МАТТО , г-дин Алп Eр Тунга Ерсој, ТАВ МАКЕДОНИЈА, едногласно е избран за ко-претседавач, г-дин Есер Џевахир ТУРМАК А.Д, г-дин Ајхан Узун РАМСТОР, г-ѓа Марија Томеска ЕУРОЛИНК ОСИГУРУВАЊЕ, г-ѓа Букет Геречџи ХАЛКБАНК А.Д, и г-дин Харун Демирташ ЛЦ ВАИКИКИ, едногласно се избраа за заменици претседатели.

Г-дин Ајдован Адемоски, новоизбраниот Претседател на МАТТО, во своето обраќање до членовите на Управниот одбор, истакна дека во текот на изминатите 8 години МАТТО израсна во Комората со институционален капацитет и непосредено допринесе за унапредување на македонско-турската економска соработка, привлекување на турските инвестиции и за севкупна поддршка на билатералните односи Република Македонија и Република Турција.  Со своето активно делување во македонската деловна заедница, низ приватно јавен диалог, МАТТО оствари и влијание на подобрување на општата деловна клима, пред се водена со добрите деловни практики во Република Турција.

Во знак на благодарност г-динот Адемоски на г-динот Туна Ејуп Кахвеџи му врачи плакета за успешност во извршување на функцијата Претседател,во своите два мандата.

Share this post

Back to Blog