Back to Blog

Др. Венко Филипче, министер за здравство во Р.Македонија гостин на седницата на Управниот одбор на МАТТО(12.04.2018)

“Планираме суштински реформи во  здравствениот сектор на Македонија,  во однос  на концептот на пружање на здравствени услуги на граѓаните, во однос на Фондот, објекти, опрема, know-how , човечки ресурси, зајакнување на приватно – јавно партерство како можност за унапредување на развој на здраствениот сектор. Досегашните реформи беа палијативни одговори и решениа на актуелни проблеми а не и стратешки промени. Освен воведување  електтронски здравствени картички други долгорочни промени немаше “- во воведно обраќање изјави министерот Филипче. Владата работи на создавање услови за примена  на приватно јавно партнерство во однос на обновување на стари здравствени објекти како и во однос на изградба на новите. Тој изнесе планот за дислоцирање на постоечкиот Клинички центар и изградба на новиот. Ќе се посвети внимание на обука на висок стручен кадар преку соработка со кадрите од странство кои би заеднички делувале во нашите установи. Се работи на развивање на услови за трансплатации со амбиции  да за одредени органи се изградиме како регионален центар.Секако дека соработка со Република Турција и пренесување на нејзиното искоство во областа на здравство ќе биде од особена корист – нагласи министерот Филипче.

Г-дин Д-р Имер Селмани, потпретседател на МАТТО , изјави дека членките на МАТТО ги поддржуваат сите  најавени реформи, како и отвореност на Владата за приватен капитал во оваа област. Тој истакна дека во Република Турција освен квалитетна здравствена заштита за граѓаните здравство е и значајна стопанска гранака. Но тоа се должи во 20 годишните реформи на системот, образување на високо стручни кадри и современа опрема и технологија. Тој истакна дека членките на МАТТО целосно се заинтересирани за учество во сите проекти и за лобирање и промовирање  во Република Турција за привлекување инвестициите во оваа област.

На седницата активно учетвуваа претставници на болницата Аџибадем Систина, Европска очна болница и дијагностички центар Медика Истанбул. Прашањата се однесуваа  на издавање лиценци на странски стручни лица и регулирање на нивните овластувања во текот на работата, покривање на трошоците за радиолошки и услуги на трансплатации од страна на фондот, стандардизација на специфични услуги и друго.

Share this post

Back to Blog