Back to Blog

Делегација на МАТТО оствари средба со г-ѓа Нина Ангеловска,Министер за Финансии на Р.С.М

Делегација предводена од г-дин Ајдован Адемоски,Претседател на МАТТО, денес (19.12.2019) год. оствари средба со г-ѓа Нина Ангеловска,Министер за Финансии на РСМ
На средбата покрај Претседателот, г-дин Ајдован Адемоски, присуствуваа и замениците, г-ѓа Букет Герекчи, Извршен директор на ХалкБанк АД Скопје, г-ѓа Марија Томеска, претседател на Управен Одбор на Еуролинк Осигурување, г-дин Ајхан Узун, генерален менаџер на Рамсторе Македонија, и г-дин Имер Селмани, генерален менаџер и сопственик на БисОил.
На средбата претседателот на МАТТО на министерката за финансии ги пренесе проблемите со кои соочуваат дел од членките на МАТТО.
За време на состанокот, кој се фокусираше главно на прашањата поврзани со образованието, работна сила и даночната политика, беа споменати и други теми.
По завршувањето на средбата на министерката за финансии од име на МАТТО и беше врачена плакета.

Share this post

Back to Blog