Back to Blog

Посета на новиот училишен објект за учениците од основното училиште со ресурсен центар „Иднина“, реконструиран и адаптиран со донација на Стопанската комора Македонија – Турција (МАТТО)

Скопје, 22 септември 2025 — Во зградата на Државното училиште за рехабилитација и образование „Св. Наум Охридски“ во Скопје, денес беше посетен новиот едукативен простор прилагоден за учениците од основното училиште „Иднина“. Проектот е реализиран со поддршка на МАТТО (Стопанска комора на Македонија-Турција).

Јаневска: „Нашите ученици сега ќе се едуцираат во безбедна и современа средина“
Министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска потсети дека старата зграда на „Иднина“ не ги исполнувала стандардите и ја истакна важноста на новите адаптации:„Денес на лице место ги гледаме резултатите од работата која овозможува нашите ученици да добиваат образование и рехабилитација во безбедна средина. Целосно се подготвени девет училници. Создадени се просторија за психомоторна едукација и рехабилитација, Монтесори училница и библиотека. Реконструкцијата на уште осум училници е при крај. Околу 200 ученици ќе добиваат настава и рехабилитација во оваа зграда. Со поддршка од МАТТО и придонесот на државата заедно ја надминавме долгогодишната пречка.“

Меџити: „Секое дете има право на еднакво образование“
Првиот заменик-престедател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање г-дин Изет Меџити ја истакна општествената важност на проектот:„Секое дете има право на еднакво образование и можност за развој. Во последните месеци вложивме напори за да создадеме соодветни услови за учениците. Денес обезбедивме безбедна и поттикнувачка едукативна средина. Девет целосно опремени училници, Монтесори настава, арт терапија, сензорна просторија и библиотека сега им се на располагање на учениците. Овој проект е првиот чекор кон поголема цел. Владата е решена да изгради современо училиште во Чаир. Нашата визија е Чаир да биде пример за инклузивна општина.“

Адемоски: „Децата се нашата иднина“
Претседателот на МАТТО, г-дин Ајдован Адемоски изрази задоволството од придонесот во проектот:
„Како МАТТО сме горди што даваме поддршка за образованието на децата со посебни потреби. Децата се нашата иднина и секогаш ќе бидеме покрај нив. И Благодарам на Владата, на членовите на МАТТО и на раководството на училиштето за поддршката.“

Андреевска: „Сега ќе се одвива настава во современи и прилагодени училници“
Директорката на основното училиште „Иднина“, г-ѓа Лорета Андреевска, истакна дека адаптациите нудат подобри услови за учениците: “Сега наставниците и учениците ќе имаат настава во современи и според потребите прилагодени училници. Веруваме дека наскоро во просторот на Ресурсниот центар ќе започне изградба на новата училишна зграда. Благодарност до сите кои вложија труд во овој процес.“

На настанот присуствуваа и потпретседателот на МАТТО, г-дин  Имер Селмани, членовите на управниот одбор г-дин Фатих Шахбаз, г-дин Осман Демиргул, г-дин Мите Стојковски, г-дин Исмаил Јахоски, членовите г-дин Лутфи Сунар, г-дин Висар Рамадани, извршниот директор г-дин Шахбаз Молалиeв и главниот советник на управниот одбор, г-дин Турхан Адеми.

Share this post

Back to Blog