МАТТО со свој штанд учествуваше на 4-тиот Саем за тиот Саем за земјоделство, сточарство, прехранбена и автомобилска индустрија, кој се одржа од 5 до 8 декември 2024 година во Киркларели,Р.Туркије
Стопанската Комора на Македонија-Турција МАТТО, која беше застапувана од извршниот директор на МАТТО, г-дин Шахбаз Молалиев и членката г-дин Ејуп Учак, дадоа изјави за медимите и пренесоа информации во насока на подобрување на односите меѓу двете земји, активностите на МАТТО и членките, како и за инвестициите.
Од 5 до 8 декември се одржа четвртиот Саем за земјоделство, сточарство, прехранбена и автомобилска индустрија. На саемот годинава се очекува да присуствуваат 163 компании и близу 100 илјади луѓе. Голем интерес имаше за саемот на кој учествуваа 15 стопанско-индустриски комори и стопанственици од странство, збратимените стопански комори на Македонија и Косово, учествуваа и земји како Бугарија, Албанија, Германија, Црна Гора и Украина.
МАТТО учествуваше со свој штанд и го изрази своето задоволство за учеството на саемот и за гостопримството на домаќинот, Стоковата берза Киркларели.
Уживавме и во интересот на имигрантите во Киркларели, кој е балкански имигрантски регион, а штандот на МАТТО беше еден од најпосетуваните штандови од страна на гувернерот на Киркларели, г-дин Угур Туран, пратеник на АК парти во Киркларели, г-дин Ахмет Ѓокхан Саричам, заменик-градоначалникот г-дин Бурак Сузулмуш, претседател на Стоковата берза, г-дин Турхан Алтинтел, претседател на УО на Стопанската и индустриска комора Текирдаг и член на Управниот одбор на ТОББ, г-дин Џенгиз Гунај, го посетија штандот на МАТТО и се разговараше за односите меѓу двете земји, трговските односи, развивање на меѓуинституционални соработки и ажурирање на Договорот за слободна трговија, беа дискутирани прашањата кои го отвораат патот кон Киркларели за транспортот на природни производи и вкусови од секторите земјоделство и сточарство на меѓународните пазари.
Се подвлече дека членовите на МАТТО покажале близок интерес за овој саем на кој учествувавме како МАТТО и дека се искористија можностите за соработка, меѓудругото беше привлечено и вниманието на потрошувачите не само во регионот, туку и на пошироки размери, со природните производи и вкусовите на земјоделскиот и сточарскиот сектор во Киркларели.
Со свои штандови учествуваа Вицепремиерот на Владата на Република Северна Македонија, министерството за односи меѓу заедниците и министерството за земјоделство и развој на Косово.









