Претседателот на собрание на Република Северна Македонија, г-дин Африм Гаши, ја пречека делегацијата на МАТТО
Се разговараше за економската соработка, растот на обемот на трговијата и за создавање на потребната инфраструктура за инвестирање на турските инвеститори.
На средбата присуствуваше делегација на МАТТО предводена од претседателот, г-дин Ајдован Адемоски, копретседавачот г-дин Билал Суџубаши, замениците г-дин Имер Селмани и г-дин Есер Џевахир,и извршниот директор, г-дин Шахбаз Молалиев.
Во соопштението на собранието се наведува дека се разговараше за економската соработка и растот на обемот на трговијата и за создавање на потребната инфраструктура за инвестирање на турските инвеститори.
На средбата се разговараше за чекорите што треба да се преземат во врска со ажурирањето на Договорот за слободна трговија меѓу Република Северна Македонија и Република Турција.
Се разговараше за отстранување на бирократските пречки, обезбедување економска соработка и координација во однос на студентската размена.
Беше истакнато дека Турција е рангирана на 5-то место во земјава како инвеститор, но беа истакнати и можностите за инвестирање во поголем капацитет од Турција како традиционална пријателска земја.



