Back to Blog

Потпишан е протокол за соработка меѓу МАТТО и Стоковата берза Киркларели

Стопанската комора на Македонија-Турција (МАТТО), потпиша протокол за соработка со Стоковата берза Киркларели. Потписници беа претседателот на УО на МАТТО, г-дин Ајдован Адемоски и претседателот на УО на Стоковата берза Киркларели, г-дин Турхан Алтинел.

Претставници од Стоковата берза Киркларели денес беа во посета на Стопанската комора на Македонија-Турција (МАТТО).

Делегацијата составена од претседателот на УО на Стоковата берза Киркларели г-дин Турхан Алтинел, директорот одговорен за Европскиот регион, г-дин Серхад Ѓунеј и генералниот секретар, г-дин Емрах Чалишкан, остварија средба со претседателот на МАТТО, г-дин Ајдован Адемоски, членовите на Управниот одбор,г-дин Муртеза Сулооџа, г-дин Мехмет Бурак Евџилер, трговскиот советник при Амбасадата на Р.Туркије во Скопје, г-дин Синан Танриоген и извршниот директор, г-дин Шахпаз Молалиев.

На средбата се разговараше за соработка меѓу двете институции.

Претседателот на МАТТО г-дин Ајдован Адемоски ги запозна присутните со инвестициските можности во Република Северна Македонија.

Со потпишаниот протокол за соработка се планира да се спроведат заеднички активности од различни области меѓу двете институции.

Share this post

Back to Blog