Средба на градоначалничката на Град Скопје, г-ѓа Данела Арсовска со членовите на УО на МАТТО
Со членките на МАТТО беа дискутираше тековните случувања.
Градоначалничката на Град Скопје, г-ѓа Данела Арсовска учествуваше на Управниот oдбор на МАТТО, каде се разговараше за планираните активности, со акцент на инфраструктурните проекти на Град Скопје, како и на можностите за инвестирање од страна на турските компании.
На почетокот на седницата, Претседателот на МАТТО, г-дин Ајдован Адемоски информираше за активностите на комората. Адемоски на почетокот на обраќањето го изрази своето задоволството што меѓу членките на МАТТО има реномирани компании од Турција и од Македонија.

„Се залагаме да ги зголемиме меѓусебните инвестиции“
„Од нашето основање, дадовме значаен придонес за странските инвестиции во земјата. Турските инвестиции во Република Северна Македонија изнесуваат околу 2 милијарди долари и претставуваат 35% од вкупните странски инвестиции во земјата, а наша цел е да придонесеме кон двојно зголемување на овие бројки во следниот период. Освен со Турција, во тесна соработка сме и со регионалните земји како Србија, Косово и Црна Гора. Дури почнавме да воспоставуваме трилатерални односи со некои земји“.

„Трговските односи не се на посакуваното ниво“
Ајдован Адемоски во продолжение на своето обраќање истакна: „Постои одлично ниво на политичка соработка меѓу двете земји. Но, трговските односи не се на посакуваното ниво. Доколку се ажурира договорот за слободна трговија меѓу Република Турција и Република Северна Македонија, како во случајот со Србија и Босна и Херцеговина, сегашниот обем на трговија од околу 500 милиони евра може експоненцијално да се зголеми на 1 милијарда евра. Претседателот Адемоски потенцираше дека МАТТО вклучува компании кои работат во областите како што се градежништво, здравство и транспорт и кои со своето знаење можат да ја поддржат работата на Град Скопје.
„Отворени сме за партнерства кои ќе ја зајакнат соработката меѓу двете земји“.
Градоначалничката на Град Скопје, г-ѓа Данела Арсовска на почетокот на своето обраќање ја истакна важноста на соработката меѓу Турција и Северна Македонија.
Арсовска ја изрази својата подготвеност за соработка на секое прашање што може да придонесе за развој на државата и зајакнување на односите меѓу двете земји. „ Сметајте на град Скопје како на Ваш иден партнер. Нашата врата е отворена за секаков вид на соработка“- изјави Арсовска.
„Имаме големи проекти што планираме да ги реализираме“
Зборувајќи за планот на активности и нивната реализација, градоначалничката на град Скопје во своето обраќање додаде: „Имаме големи проекти кои ќе ги реализираме во наредниот период. Со оглед на областите во кои делувате, веројатно заедно ќе ги реализираме овие проекти. Во овој период ќе подготвиме генерални и детални урбанистички планови за Скопје. Ќе реализираме и еколошки проект кој може да се смета за најголем проект на балканската географија. За пречистителната станица се предвидени 160 милиони евра. Ќе се градат или санираат над сто булевари. Ќе работиме и на еколошки јавен превоз, кој можам да го наречам чисто Скопје. Ќе продолжиме да спроведуваме проекти во области како што се културата, образованието, урбанизмот“.