ПРЕТСТАВНИЦИ НА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВО, ШУМАРСТВО И ВОДОСТОПАНСТВО И ПРЕТСТАВНИЦИ НА ЕВН МАКЕДОНИЈА, ГОСТИ НА РЕДОВНАТА СЕДНИЦА НА УПРАВНИОТ ОДБОР НА МАТТО
На редовната седница на Управниот одбор, која се одржа на 30.11.2021 година во просториите на Стопанската комора на Македонија-Турција (МАТТО) присуствуваа претставници на претставници на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и претставници на ЕВН Македонија. Во насока на информирање на Управниот одбор за глобалните и локални актуелни случувања во енергетскиот сектор, менаџерите за електроснабдување на ЕВН Македонија, г-дин Роланд Циглер, г-дин Беркант Шен и г-дин Оливер Стојчевски, ги презентираа актуелните настани и планираните активности за надминување на проблемите во секторот.

Овие информации од страна на претседателот, г-дин Ајдован Адемоски и од Управниот одбор, беа оценети како исклучително важни, особено поради фактот што состојбата во енергетскиот сектор дополнително и директно влијание врз сите останати сектори и согласно тоа, се истакнува и потребата за подготвка на секторите за справување со последиците во енергетиката.

Од страна на претставниците на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, раководителот на секторот за ИПАРД, г-дин Живко Брајковски и раководителот на одделението за програмирање, г-дин Александар Антески, Управниот одбор на МАТТО беше запознаен со можностите кои ги предвудува новата ИПАРД 3 програма која се однесува за програмскиот период 2021-2027 година. ИПАРД 3 програмата претставува добра можност за инвестиции во земјоделството и руралниот развој и токму поради тоа беше од особен интерес за членките на МАТТО.