Back to Blog

Делегацијата на МАТТО за турската телевизија Bengü Тürk TV, зборуваше на тема: “Инвестициски можности во Р.Северна Македонија”

г-дин Ајдован Адемоски,Претседател на Управен Одбор на МАТТО, и неговиот тим  беа гости на програмата  „Технологија и иднина“ која се емитува секоја недела во 13.00 часот на турската телевизија Bengü Türk TV, која ја води г-дин Шенол Ватансевер, главен уредник на списанието Dijital Biz.

На програмата на 27 јуни, недела, гостуваа,г-дин Ајдован Адемоски, Претседател на УО на МАТТО, Др.Билал Суџубаши,Ко претседавач на МАТТО,г-дин Харун Демирташ, заменик претседател на МАТТО, г-дин Еркан Махмут, член на УО на МАТТО, и г-ѓа Арзу Туфан, автор на списанието, Dijital Biz.

Делегацијата на МАТТО учествуваше на програмата со директен пренос на темата „Трговски можности на Северна Македонија“, каде ќе се дискутираат разни содржини.

Нашиот претседател на Управниот одбор, г-дин Ајдован Адемоски, ги информираше гледачите за Стопанската комора на Македонија (МАТТО). Надворешната трговија меѓу Турција и Северна Македонија се зголеми 6 пати за 20 години и достигна 547 милиони долари. „Иако нашиот обем на трговија е зголемен, тој не е на доволно ниво и е под нашиот потенцијал. Треба да го зголемиме обемот на трговија на 1 милијарда долари со користење на можностите“,директните инвестиции можат да достигнат 3 милијарди долари. Во Р.Северна Македонија има 14 слободни трговски зони каде има активности. Има 34 странски инвеститори од Америка, Канада, Кина,Германија, и Турција. Овие компании реализирале 47 проценти од извозите на земјата со 3,3 милијарди евра во 2020 година. По зголемување на подрачјето во регионот Гевгелија, ТИРЗ објави дека ќе одвојат 120 хектари земјиште за турските инвеститори. Претседателот на Стопанска Комора на Македонија-Турција (МАТТО) г-динот Ајдован Адемоски рече дека МАТТО ќе биде дел од овој процес. Во таа насока, истакна дека во согласност со визијата и мисијата на МАТТО ќе се дејствува за соработката во врска со регулативите на слободните зони, технолошко-иновативни и зелени инвестиции, предностите кои ќе им се нудат на турските инвеститори, како и за заеднична соработка со универзитети, центри за истражување и индустриски организации во насока на истражувања и развојно-иновативни дејности.

Заменик претседател, д-р. Билал СУЏУБАШИ, директни капитални инвестиции на турски компании во Северна Македонија достигнаа 345 милиони долари во 2019 година. Според податоци на НБРМ, износот на странски директни инвестиции што влегуваат во земјата изнесува 5,7 милијарди долари. Компании од Австрија, Англија, Грција, Холандија и Словенија се на врвот на инвестициите. Инвестициската стапка на турските компании е 6. Процент заостануваме дури и од Грција со стапките на инвестиции која е оддалечена само 1,5 час од Турција. Сметаме дека треба да бидеме на самитите за рангирање на инвестициите со Северна Македонија, која е пријателска и братска земја. Тој даде општи информации за можностите за бизнис и инвестиции во Северна Македонија. Даде информација и за Халк Банка како државна банка кои услуги им ги обезбедува на турските инвеститори при инвестирање во Р.С.М.

Халк Банка обезбедува кредити за турските инвеститори кои планираат на инвестираат во Р.С.М.

Заменик претседател на МАТТО, г-дин Харун Демирташ,  

Забележувајќи дека градежниот сектор има тренд на пораст во Северна Македонија,турски компании кои инвестираат во текстилниот сектор, информираше и за бенефициите во технолошкиот сектор и другите сектори. Во последните 6 месеци има пораст на постоечките инвестиции од страна на турските компании во Р.С.М. На преден план доаѓаат и слободните трговски зони.Економијата во слободните зони во првиот квартал на 2021 год, го сруши рекордот и имаше пораст за 30%. Има бесплатни услуги и поддршка. ПОТЕНЦИЈАЛНИТЕ ТУРСКИ ИНВЕСТИТОРИ БЕА ИНФОРМИРАНИ ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА ИНОВАТИВНИ ТЕХНОЛОГИИ ВО СЛОБОДНИ ЗОНИ. Планираме да оддржиме онлајн семинар Турција-Македонија на која ќе се дискутира за иновативни технологии во индустријата.

Г-дин Еркан Махмут, член на Управниот одбор, Турција е првата земја која ја признава Р.Северна Македонија од својата независност во 1991 година и испрати амбасадор. ТИКА и Институтот Јунус Емре реализираат важни проекти. Имаме сериозни турски инвеститори, не во поглед само на трговија туку и во сите области. Во Р.С.М. илјадници турски студенти се школуваат во Р.С.М. Се надевам дека во иднина, ќе бидат воспоставени силни економски врски со студентите кои ќе бидат наши трговски амбасадори. Каков вид на соработки можат да се остварат помеѓу универзитетите во Р.Труција и Р.Северна Македонија? Г-динот Еркан меѓудругото информираше и за какви бенефити можат да имаат студентите од Р.Турција во поглед на школување во Р.С.М. Ќе биде од особена корист организирање на состаноци со заедничко учество на деловни луѓе од Р.Турција и Р.Северна Македонија на тема технологии кои се користат во трговијата.

Share this post

Back to Blog