Back to Blog

Надворешна трговија, јануари-март 2021 година

Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во периодот јануари – март 2021 година, изнесува 102 437 017 илјади денари и бележи пораст од 18.1 % во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увезената стока, во периодот јануари – март 2021 година, изнесува 134 984 743 илјади денари, што е за 14.2 % повеќе во споредба со истиот период од претходната година.

Покриеноста на увозот со извоз, во перидот јануари – март 2021, изнесува 75.9 %.

Во периодот јануари- март 2021, Р.С Македонија има остварено вкупна трговска размена со Р. Турција во вредност од 159 108 илјади САД долари што е за 24.0% зголемен споредено со истиот период во 2020 г. Од тоа, извоз во Р. Турција изнесува 26 219 илјади САД долари што претставува зголемен за 68,2% во однос на ист период 2020 г. Увозот е зголемен за 15,1.% и изнесува 122 889  илјади САД долари. Р. Турција осми трговски партнер на Р.С. Македонија, редоследно Германија,Велика Британија,Србија,Грција,Кина,Бугарија,Италија и Турција. (Државен завод за статистика на Р.С.М , 6.05.2021).

Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, деловите на седишта од подгрупата 821.1 и фероникелот. Во увозот најмногу се застапени другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав, керамичките производи за лабораториска, хемиска и индустриска употреба, платината и легурите на платина, необработени или во прав и нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови).

Во периодот јануари – март 2021 година, според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, Република Северна Македонија најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Србија, Грција и Кина.


Стоковна размена изразена во САД долари

Вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во перидот јануари – март 2021 година, изнесува 2 002 586 илјади САД долари и бележи пораст од 29.0 % во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 2 637 519 илјади САД долари, што е за 24.6 % повеќе во споредба со истиот период од претходната година. Трговскиот дефицит, во перидот јануари – март 2021 година, изнесува 634 933 илјади САД долари.

Share this post

Back to Blog