Надворешна трговија, јануари-февруари 2021 година
Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во периодот јануари-февруари 2021 година, изнесува 66 118 493 илјади денари и бележи пораст од 9.9 % во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увезената стока, во периодот јануари февруари 2021 година, изнесува 84 377 119 илјади денари што е за 4.5 % повеќе во споредба со истиот период од претходната година.
Покриеноста на увозот со извоз, во периодот јануари-февруари 2021, изнесува 78.4 %.
Во периодот јануари-февруари 2021, Р.С Македонија има остварено вкупна трговска размена со Р. Турција во вредност од 94 945 илјади САД долари што е за 9.1% зголемен споредено со истиот период во 2020 г. Од тоа, извоз во Р. Турција изнесува 22 628 илјади САД долари што претставува зголемен за 48,2% во однос на ист период 2020 г. Увозот е зголемен за 0,9.% и изнесува 73 317 илјади САД долари. Р. Турција осми трговски партнер на Р.С. Македонија, редоследно Германија,Велика Британија,Србија,Грција,Кина,Бугарија,Италија и Турција. (Државен завод за статистика на Р.С.М , 07.07.2021).
Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, деловите на седишта од подгрупата 821.1 и фероникелот. Во увозот најмногу се застапени другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав, керамичките производи за лабораториска, хемиска и индустриска употреба, платината и легурите на платина, необработени или во прав и нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови).
Во периодот јануари-февруари 2021 година, според вкупниот обем на надворешно-трговската размена, Република Северна Македонија најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Србија, Грција и Кина.
Вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во периодот јануари-февруари 2021 година, изнесува 1 301 104 илјади САД долари и бележи пораст од 21.1 % во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 1 659 766 илјади САД долари што е за 15.1 % повеќе во споредба со истиот период од претходната година. Трговскиот дефицит, во периодот јануари-февруари 2021 година, изнесува 358 663 илјади САД долари.